Скопје, навечер. Некои излезени по љубов, дружба или алкохол. Некои останале дома. Гледаат тв или на твитер мрчат што нема Макфест бидејќи планирале да мрчат колку не чини Макфест. Некои се караат со блиските, некои се сакаат со далечните. Еден од сите тие купишта скопјани го имаме на камера.
Тој нема големи планови за таа вечер.
Нема јаки гаџети да му го пополнат времето.
Има едно мало метличе и желба да среди нешто околу себе.
Затоа е дечко на денот, затоа е скопјанец на денот.