Хрватите слават нов голем успех со пласманот во четвртфиналето на СП Катар, а во контекст на победата над Јапонија, македонскиот град Струга е историско место за хрватскиот фудбал.
На 16 октомври 2005-та, односно пред повеќе од 17 години, за прв пат беше спомнато дуото Ловрен - Перишиќ, кое го произведе голот против Јапонија.
Тие два заштитни знаци за прв пат ги спои селекторот Станислав Вугринец од Вараждин, во селекцијата до 17 години која ја победи Македонија со 2:0.
Головите на тој натпревар ги постигнаа Милан Бадељ и Томислав Хавојиќ. Ловрен го одигра целиот натпревар, а Перишиќ влезе во игра во 57-ма минута.
Ова е целиот состав, а Дејан и Иван со задоволство ќе се потсетат на своите соиграчи: Радошевиќ, Бадељ, Ловрен, Каќуниќ (Хавојиќ), Пивариќ (Барбариќ), Сушац, Шимуниќ, Пулиќ (Перишиќ), И. Југовиќ, Смрекар, Худоровиќ.
Ловрен и Перишиќ, заедно со Вида, денес се единствените остатоци од генерацијата родени 1989 година. Од оние кои освоија сребро беа и Пивариќ и Бадељ.
Во сегашната репрезентација најзастапена е бербата од 1995-та: Ливаковиќ, Пашалиќ, Јурановиќ и Ивушиќ.