Нека се вика Дејан, по Ловрен

Навивачите на Енфилд вчера гледаа нова драма во режија на Ливерпул кој од невозможното (1-3), направи возможно (4-3). Тоа било причина еден навивач да го крсти новородениот син Дејан по херојот на Црвените.

Социјалните мрежи синоќа се блокираа во еуфорично славје од навивачите на Ливерпул по неверојатниот пресврт против Борусија Дортмунд.
 
Со головите на Пјер-Емерик Обамејанг и Хенрик Михтарјан Дортмунд водеше 0-2 после 9. минути игра и со една нога беше во полуфиналето. Кога Марко Ројс даде гол по погодокот на Дивок Ориги за 1-3, Црвените почнаа да се помируваат. Сепак брзи два „истанбулски“ гола на Кутињо во 66-та и Мамаду Сако во 78-ма минута беа доволни за нова тензија која што ја круниса Дејан Ловрен со еврогол во 91-та минута за конечни 4:3 и лудница на Енфилд.
 
Еден навивач на Ливерпул кој ја гледал целата драма во болницата каде неговата сопруга се породувала, по ударот со глава на Дејан Ловрен се јавил во емисијата Фајв Лајв на БиБиСи за да каже дека бебето ќе го крсти Дејан, по херојот на Црвените.
 
Мајкл, кој мечот го гледал во чекалната во болницата, заедно со луѓето на шалтерот рекол дека тоа ќе биде начин да му се оддолжи на Хрватот за најсреќниот гол во неговиот живот. Навивачите на Ливерпул во меѓувреме на Твитер се присетија на сите неверојатни пресврти во режија на нивниот омилен тим низ историјата.

Славјето веднаш после мечот:

Головите од Енфилд тука.