Сè повеќе клинци родени во новиот милениум, ја преземаат фудбалската сцена. Еден од нив е Џејми Гитенс, репрезентативец на Англија У-21. Немаше среќа да и донесе 3 бода на Борусија Дортмунд, со оваа прекрасна соло изведба, бидејќи една година постариот Мусиала ги постави конечните 1:1 на 5 минути до крај.
Борусија Дортмунд им организираше проштален натпревар на две клупски легенди, Лукаш Пишчек и Јакуб Блашчиковски. Во еден момент на двајцата заедно со актуелниот тренер Нури Шахин, им се отвори многу работа, откако на терен се појавија 100 деца. Симпатично.
Во 12 години долг и ултра богат арапски проект, Парижаните за тренери ги имаа Карло Анчелоти, Лорен Блан, Унаи Емери, Томас Тухел, Маурицио Покетино, Кристоф Галтие, Луис Енрике. Никој од нив нема испишано приказна како Един Терзиќ.
По пауза од 11 години, Борусија Дортмунд обезбеди неочекуван пласман во финалето од ЛШ кое се игра на 1 јуни на Вембли, откако одново го победи ПСЖ со 0:1. Ги реши Хумелс на 35 години и настана најстар германски стрелец во нокаут фаза. Малерот на Парижаните продолжува.
Печено беше второто полуфинале од ЛШ за повеќе голови. Барем колку што имаше во вторникот во Минхен. Промашуваа и двете екипи, а ПСЖ во една иста акција имаше две стативи. Ги собравме сите на едно место и сите се од второ полувреме.
По ремито 2:2 меѓу Баерн и Реал и второто полуфинале од ЛШ остава многу прашалници за патникот во финале. Со голот на Никлас Филкруг, Борусија Дортмунд има 1:0 против ПСЖ пред реваншот.
Џулијан Брант кој беше прогласен за играч на мечот против Атлетико Мадрид кој го елиминираа со 4:2, тргна да му го даде дресот на човек во инвалидска количка. Лакома жена му го зема од раце и си отиде.
Двата шпански претставници се соочија со дебакл и примија по 4 парчиња на првите две реванш четвртфинални средби од ЛШ. Каталонците поведоа во 12 минута, но во 29-та минута Араухо доби црвен, клучен за нивниот распад од 1:4. Атлетико Мадрид загуби 4:2 во неизвесен натпревар на кој одговори со 2 гола после водството на Германците од 2:0 во првиот дел. Првото полуфинале е Борусија - ПСЖ.
И втората четвртфинална ноќ од ЛШ задоволува. Паднаа 8 гола, два помалку од вчера. ПСЖ беше кус за еден гол за да се повтори сценариото од Бернабеу. 0:1, па 2:1 и на крај конечни 2:3 за Барселона. Маестрална асистенција на Педри, мајсторски гол на Рафиња, кој инаку беше двоен стрелец на дербито кое го реши Кристенсен. Атлетико со 2:1 ќе патува во Дортмунд.
Видовте ли што утна Северина? Епа тоа не е ништо во споредба со Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд која инаку загуби дома од Штутгарт 0:1. Па ова е потешко да го промаши човек, отколку да го даде. Цел тим се држеше за глава.
И покрај тоа што Интер замина со предност во Мадрид и поведе во 33 минута со голот на Ди Марко, се простува во осминафиналната фаза од ЛШ. Гризман и Депај го свртеа мечот на 2:1, а потоа момците на Симеоне беа подобри од белата точка со 3:2. Облак им фати два пенали на Санчез и Класен, а Лаутаро Мартинез ја опали над гол. Борусија го совлада ПСВ со 2:0.
Лидерот во Серија А беше доминаннтен на речиси цел меч против Атлетико Мадрид кој во Милано прикажа дефанзивна игра со 0 удари во рамки на гол. Но момците на Инѕаги се изнамачија и се изнапромашија додека да стигнат до погодок, кој падна дури во 79-та минута, дело на џокерот Марко Арнаутовиќ. ПСВ и Борусија Дортмунд одиграа без победник. И двете осминафинални дуели од ЛШ ќе се решаваат на реваншите.
На Борусија Дортмунд и се падна годината да ја заврши на 19 декември против Мајнц, токму кога клубот слави 114 години од основањето. Навивачите им се неприкосновени за кореографии. Погледнете како работат на случајот по хангари, за на крај да создадат величествена атмосфера.
Ако сте ја играле ГГ3+, а сигурно има такви, на голманите да им ги барате парите. Погледнете ја двојната интервенција на Ник Поуп во 9 минута, со рамо им ја фати. Потоа и на Грегор Кобел во вториот дел, можеби најјака на колото.
Кога навивачите на Борусија Дортмунд ќе извадат кореографија, тоа е секогаш спектакуларно и уникатно. Блеснаа против Челси, а потоа ја загрмија „You will never walk alone“. Клип од прекрасната атмосфера на Сигнал Идуна Парк си направи и газдата на Челси, Американецот Тод Боли.
Во ек на Светско, на Виетнам на гости на пријателска им доаѓа Борусија Дортмунд. Го добиваат 2:1 со пенал на крај, ама пред пеналот циркузи, голманот на загревање ја откорна несакајќи пречката.
Далеку сме ние од вакви идеи, а не па реализации. Додека германските клубови смислуваат начини како да им го олеснат животот на своите поддржувачи, кај нас со години чекаат да им се реновира трибина и за прв пат во историја да им светне стадионот со рефлектори. На пример Тумбе кафе.
Борусија Дортмунд 2 е дел од третата германска лига, каде синоќа славеше 1:3 на гости. Холанѓанец роден 2001-ва по име Имануел Фераи изведе спектакуларна мајсторија на која се чудеа сите.
Навивачите на Ајакс и на Борусија Дортмунд направија неверојатно пиротехничко шоу на стадионот во Амстердам. И домашните и гостите во нивниот сектор распалија еден куп бакљи и огномети и се придружија на барањата до УЕФА, да се легализира пиротехниката.
Норвешкиот Stavanger Aftenblad објави ретко видео на кое се гледа како најголемата млада фудбалска ѕвезда на денешницата за која се борат гигантите, уште како мал на 13 години имал разорна левица. Видеото е снимено од меч во балон за фудбал во Норвешка.
Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа дерби за мерак. Славеа гостите со 3-4 во најинтересниот меч од почетокот на сезоната во Бундеслига. Халанд даде два гола а при прослава на едниот ги гаѓаа со пива од трибини, па англискиот репрезентативец Џуд Белингем фати едно во лет.
Ливерпул самоуверено ја почна новата сезона во Премиер лига (0:3 на гости кај Норич). Мо Салах блескаше, Ван Дајк се врати во одбраната, ама на социјалните мрежи се зборуваше и за Јирген Клоп. Поточно за еден негов детал.
Во неделата доцна вечер 12 европски клубови објавија дека ќе основаат Суперлига. На тој список ги нема Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Тие решија да останат верни на УЕФА и правилата.