Сите овие тренери беа привилегирани со богати договори и дрим тимови, ама затоа ја немаа убавината како онаа со приказната на Един Терзиќ, која има душа.
Се работи за млад 41 годишен стратег, со кратко тренерско портфолио кој со оваа работа се занимава од крајот на 2020-та како тренер на Борусија со еден прекин.
Пред да го има овој сениорски ангажман, во периодот од 2010-та до 2013-та работел како скаут и асистен тренер во академијата на Борусија, кога првиот тим го водеше Клоп.
Има две искуства и како асистен тренер во Бешикташ и Вест Хем на повик на Славен Билиќ.
Роден е во Германија, татко му е Босанец, мајката Хрватка, а освен германско, има и хрватско државјанство.
И сега внимавајте на овој негов редослед во животот. По втор пат ќе оди на Вембли во финале од ЛШ, со таа разлика што првиот пат како навивач на Борусија, а сега како тренер.
Last season, Borussia Dortmund lost the Bundesliga title four minutes before the end of the season.
— Felix Tamsut (@ftamsut) May 7, 2024
Edin Terzic, a #BVB fan turned coach, burst in tears. Now he‘s a Champions League finalist.
He deserves this more than anyone.pic.twitter.com/Lc3F61gIdg
💛🖤 Убавата страна на магијата наречена фудбал... 😍😍
— Mozzart Bet Makedonija (@MozzartBetMK) May 8, 2024
Во 2012 година, Един Терзиќ навиваше за Дортмунд од трибините кога клубот ја освои титулата во Бундеслигата под водство на Јирген Клоп.
Во 2023 година, Един Терзиќ плачеше пред истата трибина откако Дортмунд под негово… pic.twitter.com/DCfRMQYSPl