„До крајот на следната година работите може да почнат прилично многу да се приближуваат кон нормалата и тоа е најдоброто сценарио, но се уште не знаеме дали вакцините ќе функционираат,“ изјавил Гејтс.
На страна успешноста на вакцината, Гејтс предвидува дека и најголемите глобални компании ќе имаат проблем да произведат доволно дози за покривање на САД, и дека распределбата на вакцината меѓу САД и другите држави низ светот ќе биде „многу сериозна тема на тензии“.
Моментално низ светот се развиваат над 200 различни вакцини против ковид-19, а првиот човек на СЗО објави дека до крајот на годината би можеле да имаме вакцина. За сега два водечки кандидати (на Западот) се вакцините на Фајзер/БиоНТеч и АстраЗенека/Оксфорд.
Гејтс изјавил дека неговата фондација е во разговори и со Русија и Кина околу вакцините, меѓутоа за сега ниту еден нивен кандидат „не е во трета фаза“ на испитување. Тој објаснува дека од научна гледна точка руската и кинеската вакцина се совршено валидни проекти, меѓутоа недостатокот на студија од фаза три (внимателно следено и документирано испитување на вакцината кај луѓе) би ја ограничило привлечноста на вакцините вон овие држави.
Целото обраќање на Гејтс на ЦЕО самитот на Вол стрит журнал: