Основачите на Мајкрософт и Амазон, Бил Гејтс и Џеф Безос, се дел од групата богаташи што вложуваат милиони во Синхрон - компанија што се бави со развој на мозочни чипови односно импланти што би требало да бидат мозочно-компјутерски интерфејс.
Компанијата се пофали дека во последната рунда инвестиции се појачала за 75 милиони долари, а голем дел од средствата доаѓаат од нивните фондации.
Мрсните инвестиции се дел од големата трка за тоа кој прв ќе го хакне човечкиот мозок и ќе го поврзе со компјутери.
Потезите на Гејтс и Безос доаѓаат само пар недели откако Илон Маск, ко-основачот на Неуралинк, објави дека фирмата ја делат само шест месеци од вградување чипови во човечки глави. Уште пред 3 години вградиле имплант во мајмун, па се префрлиле на свиња, а последно тврдеа дека мајмуните можат демек телепатски да играат игрици (некои мајмуни им имаат умрено, може се прегреале од играње).
Слично како и Неуралинк, од Синхрон велат дека конечна цел им е да помогнат на парализираните луѓе.
„Со минимално-инвазивна процедура, чипот е имплементиран во капилари на површината од моторниот кортекс во мозокот преку една од вените на вратот (југуларна вена). Други компании, како Неуралинк, користат поинвазивни техники што вклучуваат отвoрање на черепот“, пишува Fortune за мисијата на Синкхрон.
Гејтс честопати досега инвестирал во контроверзни технологии, а скорешен пример се 200-те милиони што ги донираше како дел од пакетот за развој на глобален дигитален идентификациски систем. На него веќе работат Холандија и Канада, во партнерство со Светскиот економски форум.
Иако целите на Синхрон се чинат благородни, историјата нè учи да бидеме претпазливи кон некои новотарии, затоа што лесно може да бидат пренаменети за разни пакости. И делењето на атомите звучи благородно, ама прашајте ги што за тоа мислат луѓето од Хирошима.