За смртта:
Имам одживеано повеќе отколку што останува живот пред мене. Тоа е интересна точка за еден уметник, многу поинтересна отколку да пишуваш за првата љубов. Ние кои газиме во 60-тите години, како се справуваме со неподносливата идеја дека нема веќе да постоиме? Правиме уметност. Раскажуваме приказни. Мораме да се соочиме, да го кажеме тоа. Не сум подготвен за смртта. Дали се плашам? Па, се плашам од ненадејна смрт. Сакам да умрам свесно. Сакам да го видам процесот. Претпоставувам дека веќе го гледам....
За дрогите:
Кога сум заглавен со некој стих или со идеја која не оди мазно, неколку пафкања марихуана можат да ослободат. Тоа е алатка, како пенкало. Сигурно не би препорачувал некој да се дрогира за да создава уметност, но, не можете да го игнорирате делото на Битлс. Беа на ЛСД и правеа фантастични албуми. Својата најдобра музика Мајлс Дејвис ја направи на хероин. Не сум јас тука за да кажувам правила. Дрогите знаат да бидат опасни, нема сомневање во тоа. Истовремено, можат да бидат корисни помагала, сè додека на нив гледате само како на помагала.