- Агенцијата за миграција на Шведска објави дека од денеска ги спроведува новите и построги критериуми за доделување шведско државјанство на странци, усвоени на 29 април. Но, мерките нема да важат само за новите апликации, туку ќе бидат проверени и сите што се во процедура – околу 100.000.
- Шведска е првата земја во Европа што ретроактивно применува правила за натурализација на тековните апликации. Просечното време на обработка моментално е околу 56 месеци.
- Со новиот закон, минималниот престој во земјата за стекнување право на барање за државјанство се зголемува од 5 на 8 години. Барањето треба да биде поткрепено со доказ за примања од 20.000 круни месечно (1.800 евра). Исклучоци има за деца, пензионери и лица со траен инвалидитет.
- Мигрантите што отслужиле затворска казна над 4 години ќе мора да чекаат 15 години пред да аплицираат.
- Одредбите ќе се воведуваат постепено, заклучно со 1 октомври 2027 година. Од август ќе почнат тестирања за познавање на шведското општество. Подоцна ќе бидат воведени и тестови за разбирање, читање и слушање на шведскиот јазик.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.