Има неколку мириси поврзани со дожд кои луѓето ги сметаат за пријатни.
Еден од нив е "петрихор," и се појавува кога ќе заврне по подолг сушен период. Изразот е смислен во 1964-та, кога двајца австралиски научници го истражуваат мирисот на влажното време.
Некои растенија за време на сушните периоди лачат масла, и кога ќе заврне, овие масла се ослободуваат во воздухот. Втората реакција која го создава мирисот настанува кога се ослободуваат хемикалиите создадени од дел од бактериите што живеат во почвата. Овие ароматски соединенија се комбинираат и го создаваат пријатниот мирис кога дождот ќе ја допре земјата.
Друг мирис поврзан со дождот е "озонот." За време на грмотевици, громовите можат да ги разделат молекулите на кислород и азот во атмосферата, кои потоа можат да се претворат во азот-моноксид. Оваа супстанца има взаемно дејство со останатите хемикалии во атмосферата и го формира мирисот на озон. Затоа кога на луѓето им мириса на дожд, тоа најчесто е мирисот на озон што ветерот го носи од некоја бура или облаци кои надоаѓаат.