Ванковска: Црна или бела, овца си е овца

Дали некој овде ќе ја каже вистината дека промената на Уставот не е главниот проблем туку откажувањето од сопствениот јазик на олтарот на ЕУ која се спрема за војна со Русија, а овде ни зборува за мир? Ако ги видите меѓусебните односи на земјите на Балканот, тие никогаш не биле полоши. Рогови во вреќа! Е тоа е резултатот на европеизацијата во изминатите 30-тина години во регионот.

Сцена од Титаник :)

Слушам коментари за Самитот во Тиват од повеќе медиуми во регионот. Либералите од Србија ја нарекуваат својата земја “црна овца” среде кандидатите за членство во ЕУ.

Ме мачи едно мислење: дали сме ние само “овца” (наивна, приглупа и спремна за “клање”)?

Оној предлог на Мерц и Макрон (луѓе кои заедно имаат 20% поддршка во нивните две земји, но се божем лидери на ЕУ) е ветер и магла. Тој излегува од рамките на Лисабонскиот договор, а притоа Македонија е веќе заложник во овој божем забрзан процес со “ковертираното” вето (како што извонредно објасни Драган Тилев на Телма).

Дали некој овде ќе ја каже вистината дека промената на Уставот не е главниот проблем туку откажувањето од сопствениот јазик на олтарот на ЕУ која се спрема за војна со Русија, а овде ни зборува за мир?

Какви се тие европски вредности кои газат по нечиј идентитет и право на постоење?

Одговорот е: сосема европски ! Сосема во контекст на нивната колонијалистичка свест и самољубие. Никогаш не им било гајле за поданиците. Немојте да очекувате да ронат солзи над “овца”.

Конечно, ако ги видите меѓусебните односи на земјите на Балканот, тие никогаш не биле полоши. Рогови во вреќа! Е тоа е резултатот на европеизацијата во изминатите 30-тина години во регионот.

Билјана Ванковска

7 јуни 2026 - 09:20