Таг: дроги

Запознајте го Карл Харт: доктор на науки, професор и хероински зависник

Во нова контроверзна книга под наслов „Употреба на дроги за возрасни“, истакнат професор од Универзитетот Колумбија во Њујорк тврди дека опасностите од рекреативната употреба на дроги се напумпани. Човекот е невронаучник кој на себе ги тестирал ефектите на хероинот.

Лично искуство од прв (и не последен) пат пушење мет

Чувството е како мозокот за прв пат да ти се вклучува. Сè е ново и интересно. Имаш сто идеи, плус енергија и фокус да ги завршиш сите. Вака се чувствуваш едно 6 до 8 часови, а потоа почнува полека да бледее а твојот мозок се чувствува како да ја изгубил сета надеж на концентрирање и среќа. Ако си паметен, ќе легнеш да поспиеш и ќе си направиш сендвич, следниот ден ќе се чувствуваш како гомно, но ќе продолжиш со животот. Ако си како најголемиот дел од луѓето, веднаш штом чувството почнува да го снемува, ќе запалиш пак.

Бела Европа

Студија рангира 60 градови од 19 европски земји според потрошувачката на кокаин во нив, и вади резултат дека од топ 5, три се швајцарски градови. Што и не е чудо во конкуренција во која има 14 градови од Финска и 10 до Белгија, а ни еден од Романија, Бугарија или Србија.

Канада ќе дава хероин на рецепт

Џастин Трудо продолжува да ги гребе конзервативните уши и да ги менува ригидните политики кои на рајата ѝ звучат ферски ама не даваат резултати.

Холандска рекреативна програма

По изглед и звук, мислиш дека само што ќе се појави Рудолф и ќе направи некоја слаткарска перверзија по рецепт украден од шумски виленици. По содржина, двајца млади, дваесет и нешто, пробуваат и зборуваат за дроги. Не џаначки муабети, туку сериозна образовна дискусија за содржина на дрогите што планирате да ги зимате, што треба да пазите кај дрогата што ја купувате, какво дејство има на тебе, дозирање и слично инфо. Во оваа епизода на ред е екстази.

Маркетингот на дилерите од Рио

Кокаинот таму оди во пакетчиња со олимписки кругови и прописно предупредување да не се користи во близина на деца. Профи.

„Светлина на работ од светот" од Вејд Дејвис

Книга на антрополог и ботаничар кој патува низ светот и ги истражува билките кои се користат како психоактивни супстанци во различни култури. Со некои од нив и самиот експериментира - за некого тоа е контроверзно, за други токму тоа е основа да имаат доверба во она што го зборува. 

Стинг за смртта и за дрогите

Тоа дека Стинг не планира да им остави ни долар (од вкупно 300-те милиони) на своите деца (вкупно 6) бидејќи деца треба сами да заработуваат за живот, медиумите поштено го пренесоа. Во тоа интервју имаше уште два интересни момента.