Маркетингот на дилерите од Рио

Кокаинот таму оди во пакетчиња со олимписки кругови и прописно предупредување да не се користи во близина на деца. Профи.

Глобалните дешавки како што е Олимпијадата и маркетингот се сакаат како петок и сабота. Следниов месец светот ќе биде преплавен со реклами за сешто поврзани со таа тема, особено во среќните држави кои имаат за кого да навиваат. Маркетинг логиката е јасна, ако на пица ставите знак на Олимпијада, очекувате потенцијалниот муштерија патриотски да помисли: "Нашите спортисти се мачат во Рио, има и јас да се мачам за истата кауза: Дај дете две големи!"

Очигледно, слично размислуваат и дилерите на кокаин во Рио Де Женеиро:

Ова мора да е сериозен проблем за Меѓународниот олимписки комитет. Не затоа што ги заболе за проблемот со дрогата туку затоа што нема пара да видат од ова брендирање. Колку и да е корумпирана таа институција, тешко да склопат договор со дилерите за користење на логото. 

А дрогата во Бразил е еден од пожестоките проблеми со кои се соочува домаќинот на Летните олимписки игри: субстандардни сместувачки услови за спортистите, допинг, криминал, киднапирања, полициска корупција....  (тајмлајнот на компликациите види го овде).

Новинар на USA Today го истражувал проблемот на Рио со дрогата и го сведоочи следното:

На еден километар од стадионот Маракана каде што ќе се одржи церемонијата на отворањето на ЛОИ се наоѓа едно од најбезнадежните места кои можете да си ги замислите.

Автомобилите проаѓаат покрај запуштениот тротоар на кој полусветот ја храни својата кокаинска зависност. Проститутки, некои од нив трудни, ги продаваат своите тела за пар камчиња крек, во еквивалент од 5 долари. Дузина луѓе на лице место се дрогираат на отворено, никој не обрнува многу внимание.

Ова е Креколендија, земја во која дрогата е единствената валута која важи.

"Олимпијада? Баш сум среќен што ќе ја биде. Ќе има повеќе пари за сите," вели локалец.

 

27 јули 2016 - 14:56