Балканот годинава го претставуваат Љубљана, Загреб и Атина, и наспроти востановените стереотипи неспорен шампион меѓу нив е Љубљана, со 2 пати поголема потрошувачка од второпласираниот Загреб.
Љубљана високо котира и на вкупната топ листа, каде достигнува до 11-то место, меѓу Дортмунд и Франкфурт. На прво место по консумација е Барселона, втор е Цирих, а трет Антверпен, четвртото и петтото место повторно се швајцарски за Сент Гален, односно Женева.
Топ листата ја прави Европскиот центар за следење наркотици и зависност од наркотици (EMCDDA) и тоа по основа на анализи на отпадните води во градовите и присутноста на опојни дроги во нив. Водата се анализира за четири видови дрога: кокаин, амфетамин, метамфетамин и екстази.
Кај шампионот Барселона дневно била регистрирана потрошувачка од 965,2 милиграми на 1.000 луѓе (потрошувачката се распределува на вкупната популација). Ако се направи математиката на вкупната популација на Барселона од 1,6 милиони жители (без туристи), се доаѓа до потрошувачка од 1,5 килограм кокаин на ден.
Просекот на Цирих е 934 мг / 1000 луѓе, Антверпен е со 822,9 мг, Сент Гален има 821,69 мг, а Женева 794,8 мг. Балканските учесници во мерењето се со следните резултати: Љубљана 448,8 мг, Загреб 216,2 а Атина 38,28 милиграми на 1.000 луѓе.