Без многу помпа, канадската влада воведе нови регулативи за наркотиците со кои на докторите ќе им дозволува да прeпишуваат фармацевтски хероин на тешките случаи на зависност.
Со ова ќе е обезбеди продолжување на работата на експерименталната програма која претходната конзервативна влада упорно се обидуваше да ја укине. Тоа можеби е уникатно решение на северноамериканскиот континент но истото функционира сосема добро во 8 европски земји.
Ваквата одлука значи дека секој доктор ќе може да аплицира за препишување диацетилморфин, како што му е името на фармацевтскиот хероин. Владата вели дека тоа ќе се однесува на она малцинство зависници кај коe традиционалните опции (метадон и детоксикација) не дале резултат.
Користењето на оваа опција е строго контролирана и не е едноставна за оние хероиномани кои сакаат да задржат нормални обврски во животот бидејќи пациентот мора да доаѓа во утврдената клиника неколку пати на ден за да му биде инјектиран хероин.
Па сепак, вакавата практика досега се покажала како сосема функционална и многу мал е бројот на оние кои се откажуваат од ваквата частенка.
Во Канада, поточно во Ванкувер, постои и здравствена установа во која на зависници им се дозволува да си донесат роба од дома. Цаката е, кога веќе не можат / нејќат да се откажат, да го прават тоа во нормални услови и под контрола на обучени лица.
Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека во земјата догодина ќе се легализира марихуаната.
И плус е убав :)