Таг: џастин трудо

Ни Орвел не можеше да го предвиди Трудо

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф донесе еден од најрестриктивните закони против говор на омраза, кој дури и длабоко авторитарни влади не би се осмелиле да го помислат. Законот што Трудо планира да го донесе, прави шкотскиот закон да изгледа како заштита на слободата на говор.

Трудо го претерал

Активирањето на Законот за вонредни ситуации за задушување на протестот камионџиите било спротивно на канадскиот устав, пресуди Федералниот суд на Канада. Според судот, либералната влада на Канада неуставно и неоправдано го употребила законот како одговор на блокадите од Конвојот на слободата.

На Трудо не му успеа да ќари поени на уништувањето на Газа

Дојден за да одглуми колку му е грижа за палестинскиот народ со тоа што ќе се слика со локалните муслимани во Канада, Трудо за кратко време беше попратен од џамијата во Торонто со извици „срам“ и „носи си ги луѓето од тука“.

Трудо го растурил Конвојот на слободата по команда на Бајден

Заради страв дека блокадата на канадско-американската граница ќе ги затвори сите автомобилски фабрики во североисточен САД и општо трговијата, Бајден го притиснал Трудо да ги активира вонредните овластувања и присилно да го растури Конвојот на слободата кој протестираше против задолжителните вакцини.

Ши Џинпинг за малку да му каже „буљаш си“ на Трудо

Кинескиот и канадскиот претседател некогаш нешто разговарале и цел муабет протекол до медиумите, и тоа сигурно не од кинеска страна. На самитот во Бали, на разминување, Ши малку го застана Трудо да го пее.

Трудо „шамаран“ во Европски парламент

Бидејќи дома ѕвездата не му сјае како некогаш, канадскиот премиер веројатно мислеше дека неговиот настап во Европскиот парламент ќе биде лабав излет на кој ќе може да си ги вежба омилените фрази и гестови. Но, таму наиде на „топол зајак“. А кога требаше да зборува, повеќето европратеници имаа попаметна работа отколку да го слушаат.

Трудо против камионџиите го активираше законот за вонредни ситуации

Законот од 1980-те кој е наследник на многу постариот Закон за воени мерки ќе биде употребен за прв пат во историјата на Канада и тоа против луѓето кои со мирни блокади го изразуваат своето противење на владините ковид мерки.

Никој не му дошол на роденден, ама затоа после го викнале Торонто Лифс и премиерот

Најинтересен и најтрогателен момент во претходното коло од втората хокеарската лига на Северна Америка се случи со роденденот на едно дете.

Боже жали на Трудо скандалите

Во време кога кај нас уште од портирница на Влада немаат кажано кој обвинител која судска постапка треба да ја тера, како треба да ја води и како треба да заврши, канадскиот премиер Трудо го минува еден од најтешките скандали на својата кариера заради мешање во работата на својата министерка за правда.

Трудо го разреши канадскиот амбасадор во Кина затоа што зборел без дозвола

Амбасадорот Џон Меккалум е отпуштен затоа што без да добие дозвола проговорил во врска со апсењето на финансиската директорка на Хуавеи, Менг Венџу, на аеродром во Ванкувер.

Разлика меѓу млад богаташ и стар богаташ

Едниот е син на поранешeн канадски премиер, а моментално и самиот премиер на Канада. Вториот е син на поранешен американски богаташ, а и самиот стана богаташ, кој моментално е претседател на САД. Разликата меѓу стариот и новиот модел е во тоа што на новиот барем засега му е битно да изгледа дека знаењето е важно и не е сè во парите, стариот одамна се има откажано од тоа.

Полека, Џастин Трудо не е либералниот херој што го мислите

Дајте да не фалиме човек кој се погодил да биде на власт во Канада за време на најголемиот национален срам на Соединетите Американски Држави, пишува за Џен Герсон за канадскиот Нешнл пост.

Трудо се шлепа на помодарство, Корбин нуди надеж

Премиерот на Канада е лажен прогресивец кој се бори за воени авиони, нафтоводи и приватизација - треба да погледнеш преку барата за да видиш што е економска и еколошка правда, пишува за Гардијан канадскиот новинар Мартин Лукас.

Трудо му го сконта илето на Трамп

Новиот претседател на САД има многу бизарен начин на ракување кој се вклопува во неговиот профил на сировина и егоманијак кој на секој начин сака да се покаже како алфа мажјак. Но, налета на младото и силно шилеже од Канада, Џастин Трудо. 

Трудо: Глобализацијата не функционира за обичниот човек

Обичниот човек низ светот е разочаран од глобализацијата, е објаснувањето на Трудо за Гардијан за годината во која се случија брегзит, Трамп и масовен подем на популистички и антиестаблишмент-партии.

Фидел Кастро му е татко на канадскиот премиер. Точка.

Познато е дека Кастро бил стар семеен пријател со Пјер и Маргарет Трудо, родителите на актуелниот канадски премиер. Но фрапантната сличност меѓу Фидел и Џастин покрена лавина приказни дека таа блискост во некој момент била претерана. Што има да читате понатаму, ќе кажете: „Tатко му е бе, видов на интернет“.

Канада ќе дава хероин на рецепт

Џастин Трудо продолжува да ги гребе конзервативните уши и да ги менува ригидните политики кои на рајата ѝ звучат ферски ама не даваат резултати.

Премиерот на Канада во стрип на Марвел

Џастин Трудо се занимавал со разни работи во животот - боксувал, држел обуки за скокање банџи, има неверојатни јога вештини. Плус е млад и симпатичен. И, да, премиер. Доволно елементи за да се најде во стрип на Марвел.

Како квантните компјутери, премиеру?

Новинар саркастично го предизвикува го предизвикува канадскиот премиер Џастин Трудо да почне да збори за политика, затоа што за квантни компјутери сигурно нема што да збори. Не, а?

Во чест на новиот премиер на Канада

Има 43 години се вика Џастин Трудо и го прекина 9 годишното владеење на конзервативците во Канада. Бидејќи ништо од ова нема да го запамтите, најдовме една "деновиве пред години" слика од него, во надеж дека ќе ви остави едно "е да, оној" сеќавање.