Трудо е обвинет дека со судир на интереси ги прекршил законите за етика на Канада кога ургирал кај министерката за правда на Канада да се откаже од случајот против канадскиот градежен гигант СНЦ-Лавалин. Се работи за обвинувањето против компанијата за измама и поткуп во Либија во периодот од 2001 до 2011.
Она што Трудо го побарал е компанијата само да ја плати казната, меѓутоа да не и биде забрането да учествува на тендери за државни градежни проекти (што исто така е дел од пакетот казни кои и следуваат).
Канадскиот комесар за етика обвинува дека Трудо имал „флагрантни обиди за влијание“ на својот министер за правда.
Некое време откако ја одбива оваа ургенција, Џоди Вилсон-Рејбоулд ја губи позицијата Министерка за правда на Канада. Моментално таа е министерка за ветерани во владата на Трудо.
Самиот Трудо тврди дека нема ништо погрешно направено во целата афера. Тој признава дека разговарал со Вилсон-Рејбоулд за таа да ја промени својата одлука, но тоа било направено од страв дека ако се продолжи со процесот ќе се затворат голем број работни места.
Од комисијата за етика не се согласуваат дека ова е „ништо не направив“ затоа што правилата против конфликт на интереси им забрануваат на јавните функционери „да се обидуваат несоодветно да протежираат лични интереси на други лица“.
Извештајот доаѓа на два месеца пред општите избори во Канада.