Најзастрашувачко околу законот беше што неговото спроведување инстантно ескалираше во еден од најдрастичните прогони што некогаш се случил во западна демократија, во кој на учесниците на протестите им беше замрзнат имот (не можеа да пристапат до свои сметки и средствата што ги имаа на нив, а со тоа индиректно не можеа ни да примат плата), приватни компании под присила ги отстрануваа камионите од блокадата, а центарот на Отава беше прогласен за забранета зона за движење.
Две години подоцна, канадскиот Федерален суд на правдата одлучи дека „Конвојот на слободата не ја достигнал високата граница за да биде прогласен за закана за националната безбедност неопходна за употребување на законот.“ Проценката дека блокадата и наштетила на канадската економија не е еднаква на закана за националната безбедност.
Владата исто така ги прекршила правата на одредени „мирни“ Канаѓани со блокирање на нивните банкарски сметки и забрана за движење низ Отава.
Освен шамарот за Трудо и неговата влада за самоволие во користење на недозволени мерки против неистомисленици, најголемата тежина на одлуката на Федералниот суд е спречување на секое „растегнување“ на можностите за употреба на законот во некои идни вонредни ситуации.