Никој не му дошол на роденден, ама затоа после го викнале Торонто Лифс и премиерот

Најинтересен и најтрогателен момент во претходното коло од втората хокеарската лига на Северна Америка се случи со роденденот на едно дете.

Ученикот Кејд Фостер од Њуфаундленд во Канада поканил многу другарчиња за својот 11-ти роденден, ама не му дошол никој. Баш никој.

Татко му Џејсон, немал што друго освен да побара од своите пријатели на Твитер да го поздрават и да му честитаат на син му за роденденот. Малиот носел маичка од хокеарскиот клуб Торонто, а татко му тагнал и некој хокеари од екипата.

Твитот почнал да се шири и ретвита на илјадници со светлосна брзина. Во коментар реплицирал и Марк Хемил кого го знаеме како Лук Скајвокер од научно-фантастичниот лик.

Набрзо на малиот Кејд му честитале и Бен Стилер, Џос Видон (режисер на The Avengers), Морган Рајли, Остон Метјус и уште неколку сегашни и бивши НХЛ играчи.

Честитка добил и од премиерот на Канада Џастин Трудо:

Стотини канадски и американски познати филмски ѕвезди и блогери, како и неколку светски познати брендови исто го јавале бранот на твитот на татко му на Кејд за роденден на 11-годишното дете.

Сите му честитале со „Среќен роденден Кејд“, а неговата среќа немала крај кога хокеарскиот клуб Торонто го поканил на саботниот меч против Филаделфија и му платил авионски карти за него и татко му до Торонто.

Пред мечот малиот Кејд се сретнал со играчите на Торонто во соблекувалната и им посакал среќа. Пред почетокот на мечот цела сала го поздравила Кејд а тој дури и дувал свечена роденденска торта со боите на клубот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

HAPPY BIRTHDAY, KADE! Much love from your friends at the NHL. 🎊

A post shared by NHL (@nhl) on

На видеото се гледа како малиот е збунет и не може да поверува што го снашло од среќа. На почетокот на неделава му се јавил и капитенот на Торонто Џон Таварес и тоа го шокирало малиот Кејд.

„Просто неверојатно е што се случи, не можам да поверувам“, рекол Кејд после натпреварот, а Таварес изјавил дека сакал само малиот да биде среќен.

„Роденденот му беше во понеделник а јас му се јавив и му кажав: ’Среќен роденден!’ Со клубот се договоривме да го поканиме на натпревар. Беше многу добро да му се честита и да му се направи големо изненадување. Просто се потрудивме да биде среќен“.

Благодарение на силата на социјалните мрежи (пред се Твитер), малиот Кејд бил главна ѕвезда на вечерта на мечот Торонто - Филаделфија пред повеќе од 30.000 гледачи.