
Се вика Ју Циди и уште минатата година на свои 11 години била спремна за големи турнири, ги исполнувала сите спортски критериуми за настап на Олимписките Игри во Париз, но Кинезите на крај решиле дека на таква возраст тоа е премногу за неа.
Затоа пролетва Ју Циди почнала да му покажува на светот за каков феномен се работи:
Испливала 200 метри (пеперутка) - за време од 2:06,83. Колку за пример рекордот на Русија во оваа категорија е 2:07,33, рекордот на САД е 2:03,87.
200 метри (мешан стил) - 2:10,63. Рекордот на Русија е 2:09,56, рекордот на САД е 2:03,87.
400 метри (мешан стил) - 4:35,53. Рекордот на Русија е од пред 17 години и е 4:36,25.
Но да се плива дома е едно, а на меѓународен старт е друго. Така до Светското првенство во Сингапур 2025 летово таа никогаш не излегла од Кина, што е и нормално за 12-годишно девојче.
И пазете како пливаше малата Ју Циди на Светското 2025:
200 метри (пеперутка): 2:08,95 во прелиминирарна трка, 2:07,95 во полуфинале (помина понатаму во финале од 8. место) - 2:06,43 во финале (4. место, на 0,31 стотинки од бронза).
200 метри (мешан стил): 2:11,90 (15-та) во прелиминарна трка - 2:10,22 во полуфинале (7-ма) - 2:09,21 во финале (4-та на 0,06 од бронзен медал).
400 метри (мешан стил): 4:36,49 утрото - 4:33,76 вечерта (4-та, на само 0,5 стотинки од бронза).
Таа е најголемо изненадување на Светското првенство. Пливала некои денови и наутро и навечер. Се случуваше да плива наутро штафета 4х200, а навечер постарите колешки од репрезентација допливале до бронза. Според правилата медал добиваат сите кои настапувале, па и тие на пределиминарна трка.
Так Ју Циди со само 12 години стана најмлада освојувачка на медал во историјата на Светските првенства во пливање.
Парадоксално таа уште нема право да настапи на јуниорско Светско првенство (до 18 години): каде пуштаат спортистки од 14 години. На сениорско Светско првенство, пак, ограничувања нема.
Сега Светската пливачка федерација (World Aquatics) планира да го разгледа тој момент и да менува правилници.
China’s Yu Zidi just made her first world championships final at 12 YEARS OLD! 🤯 #AQUASingapore25 pic.twitter.com/zPtkggtzRK
— NBC Olympics & Paralympics (@NBCOlympics) July 27, 2025
ВО КИНА ВЕЌЕ Е ГОЛЕМА ЅВЕЗДА
Ју Циди е феноменален талент. Таа на пример 400 метри мешан стил плива 15 секунди побрзо отколку што на нејзина возраст пливала светската рекордерка, чудесната Самер Макинтош од Канада.
Кога се гледа Ју на прв поглед може да се сфати дека таа има непропорционално огромни раце и станува збор за талент кој со многу работа ќе стане светски број 1.
Новинарите кој во живо го следеле пливачкиот Мундијал во Сингапур летово велат дека таа изгледа баш точно како да е шесто одделение. Има тенок глас, срамежлива е, има просечна висина, во секоја категорија имало и пониски и повисоки пливачки од неа.
Во микс зоната новинарите ја виделе само два пати. Кинезите ја чуваат од секое какво било внимание, и тоа не само меѓународно туку и домашно. За тоа раскажале кинески новинари кои барале да не им се кажува името, а други одбиле да говорат за младото чудо од Кина.
„Да се биде популарен во Кина е многу тешко. Кога Цуан Хунчан (Олимписки шампион во скокови во вода на 14 години на Олимписките игри 2020 во Токио, освои злато од 10-метри, а на 17 години освои 2 злата на ЛОИ во Париз) се врати во родниот град, толпа луѓе неколку дена стоеле пред нејзината куќа. Некој пренесуваше видео во живо од телефон, некои леташе дронови, а туристички агенции нудеа екскурзии по селото каде таа растела.
Пример кај Олимпискиот шампион во пинг-понг Фан Жендонг во 2023-та година во хотелска соба влекол непознат натрапник. После тоа олимпискиот и светски шампион имал психички проблеми, стрес.
Затоа Ју Циди ја држат во изолација. Ја чуваат како ретка панда. Девојчето мора да се посвети на тренинзи а ние да ја заштитиме од голема врева. И не е факт дека таа сигурно ќе стане голема ѕвезда. Колку случаеви имаше кога спортисти како деца покажувале топ резултати а после пропаѓале“, вели неименуван кинески новинар кој го следел Светското првенство во пливање.