
Во Кина досега филмот има заработка од 55,1 милион долари а почнал да се прикажува на крајот од јуни. Во Велика Британија заработката само досега е 28 милиони долари, во Франција 26.7 милиони долари, во Јужна Кореја 24 милиони долари.
„Ф1 - Филмот“ се прикажува уште и во Мексико, Австралија, Германија, Тајван, Индија, Јапонија и секаде има повеќемилионски договори а наскоро се очекува да се дава и насекаде ширум Европа.
Досега филмот донел 546 милиони долари глобално што е нов рекорд на Бред Пит чиј досегашен рекорд беше World War Z кој остварил заработка од 540 милиони долари.