Трудо му го сконта илето на Трамп

Новиот претседател на САД има многу бизарен начин на ракување кој се вклопува во неговиот профил на сировина и егоманијак кој на секој начин сака да се покаже како алфа мажјак. Но, налета на младото и силно шилеже од Канада, Џастин Трудо. 

Последен кој го почувствува непријатниот и сељачки стил на ракување на Трамп беше кутриот јапонски премиер Абе Шинзо (ние во „Набрзинка“ пишавме: „Шинзо да му дадеше друго, Трамп ќе му направеше хепиенд“).

Јапонецот му ја даде својата рака на Трамп и успеа да си ја врати после точно 19 секунди држење, стискање, влечење и тапкање.

А Трамп секогаш така се поздравува што веројатно е еден од неговите несвесни грубијански механизми за стекнување психолошка предност над оние со кои се среќава. Ги стиска и ги цима јако, како да се дрвосечачи во слободно време па се обараат на балван на река.

Но, конечно му се позна илето и тоа му го демонстрираше Џастин Трудо, млад и перспективен кадар од Канада. 44 годишниот премиер е поранешен инструктор по скокање со банџи, знае да боксува и генерално е во извонредна физичка кондиција за што сведочи следнава слика:

Таков дојде и во Белата куќа и веројатно бил свесно подготвен за непријатниот прв физички контакт со Трамп па му пристапи со ефикасна одбрана од учебниците по боречки вештини. Веднаш  со левата рака го фати Трамп за рамо со што ја стабилизираше својата позиција и се поздрави од кратка дистанца за на непријателот да му го намали маневарскиот простор. По неколку секунди стискање, на Трамп, како и на сите други животни кои се потпираат на инстинктите, му стана јасно дека на Трудо ќе треба да му се курчи на некој друг начин. 

 

 

 

14 февруари 2017 - 10:21