За кратко сесиите почнуваат да се преклопуваат и да се губат една во друга, и потоа ќе огрее сонце а ти седиш на куп расфрлани проекти, чувствувајќи се како да можеш да ги решиш сите проблеми на светот. И потоа сонцето ќе зајде. Твоето тело се чувствува чудно и се тресеш, и сфаќаш дека немаш ништо јадено цели 36 часа.
Пробуваш да јадеш но сè има ужасен вкус. Дрмаш Геторејд на екс и наоѓаш нешто што некако успеваш да го бутнеш низ грло за да престанеш да се тресеш, потоа земаш уште еден дим и им се враќаш на проектите. Сонцето повторно изгрева. Два и пол дена немаш сменето алишта ама немаш ни спиено, сето ова ти е еден долг ден.
Почнуваш на ќошот од видното поле да гледаш луѓе. Во најдобар случај сфаќаш дека ова се халуцинации од неспиењето и не се вадиш претерано од памет. Мислиш дека слушаш како некој зборува, или како пее песна, ама кога ќе провериш сфаќаш дека тоа е само вентилаторот во другата соба.
Купот проекти само расте, а неколку и ги имаш завршено. Решаваш уште еднаш да се здрвиш... само да ги решиш овие што останале. Но по 20 минути расчистување си наоѓаш уште еден проект и сега сонцето повторно изгрева. Сфаќаш дека минале 3 дена, а утре треба да одиш на работа. Лупаш Ксанакс од пријател и конечно малку вознемирено заспиваш. Се јавуваш на работа за да побараш слободен ден бидејќи не ти е добро и се враќаш да доспиеш. Вечерта конечно можеш нешто да каснеш и да отспиеш како што треба.
Следниот ден се враќаш на работа, меѓутоа работите не ти се интересни. Почнуваш да мислиш колку ќе беше полесно ако беше издрогиран. Но, издржуваш до следниот викенд.
Ова го повторуваш се додека конечно не донесеш неколку трошки на работа колку да ти пројде денот. Со тек на време те откриваат и остануваш без работа. Зависноста прави да е невозможно да најдеш нова работа. Мина една година и не се ни препознаваш себе си во огледало. Сите пријатели ти ги снема и се заменети од џанаци. Толку пати си го имаш излажано семејството што имаат престанато да те бараат. Сам си со група на луѓе кои исто така се сами.
Излегувањето од оваа дупка изгледа толку невозможно што дури немаш волја ни да пробаш. Можеби ќе паднеш на дното и ќе бидеш присилен да се средиш. Можеби ќе го сфатиш тоа и ќе издржиш, па со тек на време ќе си го средиш животот. Можеби и нема. Но твојот мозок никогаш повеќе нема да биде ист. Никогаш повторно нема да ја почувствуваш таа возбуда. Никогаш повторно нема да можеш толку да биде фокусиран. Ќе мора да се снајдеш со твојот оштетен мозок до крајот на животот.
Или да се вратиш на мет. Тоа е.
Дополнително за коментарите:
1. Чист сум 7 години и да, се уште имам последици по начинот на кој ми функционира мозокот. Дното го допрев кога бев силуван, па симптомите за чистење ми се измешани со ПТСД.
2. Премногу ебано сум горд за секој што рече дека ова ги убедило никогаш да не пробаат и се надевам дека ќе се држите до оваа одлука. 7 години подоцна се уште секој ден морам да одлучам дека нема пак да пробам.
3. За оние што изгубиле некого заради зависност. Жал ми е. Јас останав без мојот најдобар пријател. Иако не умре, заминат е. Сега има само некој странец што талка наоколу и го носи неговиот лик и ме растажува секој пат кога ќе го видам. Како да тажиш нечија смрт, меѓутоа во забавена снимка бидејќи не се случува големиот момент кога тие си заминуваат. Туку е серија на мали моменти се додека не сфатиш дека човекот што си го сакал повеќе не постои.
Видеото на Редит под кое е оставен коментарот:
Dudes squirrelling out from r/tooktoomuch