Мојата прва работа - на страна тоа што бев паж во Конгресот, што не е вистинска работа - беше изработување на компјутерски софтвер за Боневил Пауер Администрејшн, која е квази-владина организација што ја контролира енергетската мрежа на Северозападот. Ние ја компјутеризиравме енергетската мрежа. И компанијата на која БПА и ја предаде оваа работа, беше ТРВ, па нивните луѓе ја пребаруваа земјава за да најдат кој навистина се разбира во таков вид на програмирање, и тие ме најдоа мене, бидејќи бев озогласен како чудо од дете за одреден вид на програмирање.
Тие рекоа 'ги имаме ли ангажирано сите што се стварно добри во ова?' и некој им рече 'па, го немаме ангажирано Гејтс.' 'Што? Има човек што не сме го земале? Гејтс? Одма најди го.' Тогаш пак некој рече 'Ама никој никогаш го нема видено. Велат дека е прилично млад,' а шефот им одговорил 'оди и донеси го!'
Па одам на интервју - и јас не личев дека имам 16 години кога имав 16; личев како да имам 12 кога имав 16 години. Моите родители ме одвезоа до таму. Уште немав моја возачка. Кога ме видоа, реакцијата им беше 'Боже, којзнае колку сме очајни. Вработуваме деца.'
Ова беше значително искуство за мене, бидејќи ТРВ таму ги имаа донесено најдобрите програмери да работат за нив. Па дојдов, ми дадоа задачи и луѓето гледаа дека сум подготвен да работам по 18 часови на ден за да ги завршам тешките работи. Па, пишував код и некој од овие супер-паметни момци ќе дојдеа да видат и ќе ми кажеа 'ова не е многу добро, ова не е многу добро,' па моите програмерски вештини за време на годината што ја минав таму се подобрија за цело ниво.
А и тие беа фини со мене. Им се допадна мојата енергичност. Единствениот проблем беше што ми влегоа во глава да дека треба да го прескокнам средното училиште и ода одам директно на факултет, што моите родители го забранија.