Во огласот на компанијата се бара и тие да бидат меѓу 18 и 25 години, а платата е некаде околу 480 долари месечно. Само 3 часа откако огласот бил објавен на интернет, се пријавиле 22 лица.
Кога од Шангај Дејли се јавиле на огласот, луѓето од фабриката им објасниле дека: "обично машини ги тестираат кондомите, но ние немаме пари за машини."
Иако од фабриката признаваат дека од девојките "ќе се бара да бидат вклучени во сексуално експлицитни активности," тие тврдат дека тоа е сосема различно од проституција.
"Ако не сакаат да работат, има други што ќе сакаат. Жените треба да направат тест само еднаш дневно, и не плаќаме екстра ако тие се пријават за уште тестови," изјавил претставникот на фабриката.
Од таму појасниле дека жените и немаат толку тешка работа, туку мажите се тие што го прават целото тестирање, а жените само треба да ги запишат резултатите.