Во американскиот Сенат некако заглави законот AB-640 за задолжително користење кондом при снимање филмови за возрасни но законодавците во Калифорнија сакаат истовремено да вметнат и заштитни очила за учесниците во овие перформанси.
Индустријата вели дека кондомот технички веќе е задолжителен во филмските сетови, иако, кој гледал порно, многу добро знае дека таа препорака се почитува исто како онаа за забрана за пушење (цигари) во западна Македонија.
Предлог законот на калифорниската секција за професионална заштита и здравје вклучува забрана на ејакулација врз гениталии, уста и очи, како и обврска на вработувачите да им обезбедат на перформерите заштитни очила за да се избегне очен контакт со семе.
Иако засега не реагираат јавно, инсајдери од порно индустријата, велат дека се многу незадоволни од ваквиот предлог а некои од нив размислуваат и да ги продадат своите компании бидејќи со ваквите ригорозни одредби практично се оневозможува нивната дејност.
Целиот законски проект за регулација на работните услови за снимање порно се протега на цели 21 страница а содржи не само препораки за задолжителни вакцинации, туку и детали од типот "на филмските сетови да има доволни количини еднократен хигиенски прибор за дезинфекција на сцените кај што се одвивало дејствието".