Според законот сите продуценти кои снимаат во долината Сими, Калифорнија, треба не монтираните снимки од филмовите да ги достават до тамошната полиција.
Целото ова порно, полицијата го чува кај себе, а во случај на некоја правна постапка, полицајците ќе треба да одделат дел од своето работно време за гледање порно, за да проверат дали се почитува законот.
Главна причина за новиот закон е сличниот закон што неодамна го донесе соседниот Лос Анџелес, заради што властите на Сими стравуваат дека порно продукциите би се преселиле во нивното гратче.
"Прво, основната цел тука е здравјето и безбедноста. И второ, не ги сакаме да ни дојдат. Ова е семејно гратче и не сакаме тие да ги преселат студијата кај нас," изјавил градоначалникот на Сими.
Претходно, Лос Анџелес донесе закон кој предвидува правење инспекции на лице место, во порно студијата, за проверка дали актерите ги почитуваат правилата за носење кондоми.