Во животот, како и на фудбалскиот терен, Фаустино Асприља секогаш се однесувал ексцентрично. Додека играше за Парма, истрча од неговиот автомобил и го тепал возачот на автобусот. На еден од тренинзите во Универсидад де Чиле дошол со пиштол и пукал во воздух. Покрај тоа, Тино имаше и бројни афери, жена му го оставила поради неговата врска со порно глумицата Петра Скарбач.
И 10 години по завршувањето на кариерата, Асприља продолжи да жари и пали. Во 2009. година го уапсила полиција, а подоцна доби 2 години условна казна за пукање на својот ранч. Скоро мора пак да се појави во судница поради неплаќање алиментација на поранешната сопруга. Колумбиецот продолжи да учествува во разни ријалити шоу програми, се сликаше гол за моден магазин. За Нејмар еднаш кажа дека е дете што заборавило да порасне.
Пред неколку години, Асприља бил ограбен во родниот град Тилуа. Организирана банда му украла многу скапоцени работи и продолжила да го рекетира, поради што Фаустино ангажирал фирма за обезбедување. Кога целата работа се стишила, Тино се преселил и се фокусирал на одгледување на коњи на ранчот.
„Во детството бев вљубен во овие животни, веројатно затоа што гледав многу филмови за Дивиот Запад", вели Фаустино кој неодамна отишол во полиција да пријави кражба на омилениот тркачки коњ Лукас кој вредел околу 50.000 долари. Полицијата го пронашла и му го вратила на Асприља.
Немој да заборавите дека Колумбиецот беше професионален фудбалер. Често учествува на добротворни натпревари, а пред неколку години играше за Њукасл во Англија каде навивачите го обожуваат.
Годинава Асприља стана дедо и им помага на родителите на малата Хуанита, ќерка на неговата ќерка.