Леми се одјави

Последната битка на Иан Фрејзер Леми Килмистер беше баш онаква каква што беше една песна на Моторхед -  кратка и жестока. За жал, и безмилосна. Напијте се Џек Даниелс во негово име.    

Леми почина на 70 годишна возраст по многу кратка борба со агресивен тип на рак за кој дознал само неколку дена пред смртта.

Моторхед го формираше уште во 1975 година и беше негов единствен постојан член. Нам најдрага ни беше онаа тројка со Филти Анимал (RIP) на тапани и Брзиот Еди на гитара.

Химната на Моторхед, што би рекла Јосипа Лисац "где панк љуби хеви метал":
 

Како што одиш по богатиот тепих на животот, сфаќаш дека повеќето луѓе кои си ги сретнал не се вредни ни кондури да ти исчистат. Добар другар е некој кој ќе те крие кога те бараат за убиство. - Леми.

Ако не правиш ништо што не е добро за тебе, тоа би бил многу досаден живот. Па што друго ќе правиш? Сите работи кои ни носат задоволство се штетни. - Леми.

Во документарецот "Live Fast Die Old" Леми откри дека почнувајќи од својата 30-та година пиел по шише Џек Даниелс секој ден. Престана да пие пред две години. На менито редовни и амфетамини и ЛСД. Пред 10 години побара легализација на хероинот како единствен начин да се контролираат штетите од него. А хероин никогаш нема пробано.

Ако сакаш да бидеш факинг рок ѕвезда, тогаш биди тоа! Луѓето не сакаат да го видат својот комшија на сцена. Тие очекуваат да видат некого од друга планета. - Леми.

Религијата е глупа работа. Пази, девица затруднела од дух! Стварно? Таква работа никогаш не би ти признале на бракоразводен суд. - Леми.

Ако тој е "Bad", што сум тогаш јас? - Леми, откако дозна дека слаткиот Мајкл Џексон издаде албум со наслов Bad.

Цела генерација се станати пичици. Никој веќе не ужива во себе. Само подебаваат други за да можат да уживаат самите. - Леми.

Смртта е неизбежна, нели? Стануваш свесен за неа кога си во мои години. Не се секирам за тоа, спремен сум. Ако умрам утре, не можам да се пожалам. Добро беше! - Леми.

 

Леми и Моторхед зад себе оставија 23 албуми и еден тон децибели со кои ја направија оваа планета пожива отколку што е.

Одмори мајсторе. Не беше добро, одлично беше!

29 декември 2015 - 09:00