Таг: меделин

„Седиме во хотел, одеднаш влегува Ескобар со оружје и 250.000 долари да судиме за нив“

Колумбиецот Пабло Ескобар, најголемиот нарко бос на светот во ’80-те и ’90-те години е лик за кој се снимени многу документарци, играни филмови и серии. Фудбалски судија раскажа за една опасна епизода од тоа време.

Најдобриот гол што не си го видел

Дерби во Колумбија меѓу Меделин и Толима. Гостите водат 0-1 и во 25’ минута Хуан Давид Валенсија решава сам да тргне во напад. Првиот дриблинг при приемот му е чудесија.

Како Пабло Ескобар местел натпревари во Колумбија

Во време кога на улиците на Меделин да носиш пиштол со себе по улица било како да носиш најнормален предмет, фудбалот важел за игра подеднакво интересна за обичниот народ но и за босовите на нарко-картелите, меѓу кои и главниот кој имал свој клуб.

Кој од овие тројца го уби Пабло Ескобар?

Пред некој ден Нетфликс ја пушти втората сезона на серијата Наркос, која, освен ако не доцните со Пики Блајндерс, немате алиби зошто не ја гледате. Постојат три верзии за убиството на Ескобар. Се разбира, во сите три учествува тој, ама во третата особено.

Што се случува во Меделин кога Национал дава гол

Национал е најсаканиот фудбалски клуб во вториот по големина град во Колумбија. Ни една свадба, банкет, матурска ни роденден не можат да го заменат славјето на Меделинците кога Национал дава гол.

Чичко Асприља живее живот

Одгледува коњи, произведува кондоми, оди по концерти, игра комар, чува внука - секојдневието на легендарниот Колумбиец.

Потегот за задржување време кој собра 2,5 милиони прегледи

Меделин имаше водство од 3:2 против Депортиво Кали во колумбиското првенство, а Бразилецот Елтон Мартинс во 93 минута направи потег на кои и по една година сите уживаме кога го гледаме, освен гостите кои губеа.

Спасот од бедата на Џексон Мартинез

Колумбиецот пред 11 години од Меделин пристигна во Индепендиенте, а толку бил сиромашен што тренерот му купувал храна, облека, копачки и маици. Првата плата што ја земал била 172 евра а сега го бара цела Европа.

Како Колумбијците користат дрон

Дербито меѓу Меделин и Депортиво Кали се одигра на стадионот Атанасио Гирадот, а кореографијата со прекривното знаме се снимаше со дрон. Домашните победија 3:2, а на минута пред крајот Елтон Мартин смисли начин како да украде од времето.

Бандите што го наследија Ескобар

Меделин моментално го живее еден од најмирните периоди во поновата историја, не затоа што по смртта на Ескобар нема нарко-картели во градот, туку затоа што босовите сфатија дека меѓусебните војни се лоши за бизнисот.

Сликици Пабло Ескобар

На страна што треба да бркаат нарко-дилери на мотори, сега полицијата во Медина треба да брка и дилери на албуми со сликици на мотори.