Меѓу главните промени од времето на Ескобар е што големите лаборатории за кокаин, од џунглите сега расцепкани и се преселени во градот, и работат како мини кујни, со кои се снабдува локалниот пазар.
Сериозна разлика има и кај нарко-босовите, кои комплетно го имаат сменето својот имиџ и веќе не се расфрлаат со пари и богатство, туку парите ги инвестираат или штедат "во неколку конкретни држави."
Додека пакува кокаин, еден од нарко-дилерите беше запрашан дали кесичката со сивкаст кокаин е поевтина отколку таа со чисто бел кокаин: "Не не, таа (сивата) е добрата роба. Белиот е полн со хемикалии, тоа е евтината роба." По локални цени, кесичка со сивкаст кокаин чини 2,5 долари, таа со чисто белиот е 1,5 долари за грам.