Ескобар сакал да гледа фудбал. Во еден момент станува финансиер од сенка на Атлетико Насионал од Меделин, како и повеќето големи колумбиски клубови кои биле финансирани од сомнителни но влијателни ликови од подземјето. Во тие најстрашни времиња по земјата, не било баш лесно некој да се обиде да му се спротивстави на „кралот на кокаинот“.
Поранешен аргентински судија, Карлос Еспозито, за аргентинското 'Radio La Red', раскажува опасно искуство кога го делегирале да го суди полуфиналето на Копа Либертадорес во 1989-та година.
Се паднале Атлетико Насионал и уругвајскиот Данубио. Колумбискиот клуб никогаш претходно не го освоил највредниот пехар во Јужно-американскиот фудбал. Тоа било доволна причина Пабло Ескобар по секоја цена да ги израдува домашните навивачи.
Судии за мечот биле Карлос Еспозито, Хуан Антонио Вава и Абел Њеко.
Првиот меч на 17 мај 1989 во Уругвај завршил 0:0, па за реваншот бил спреман пеколен дочек за гостите. А и за судиите.
„Сè почна од моментот кога слетавме на аеродромот во Меделин. Колумбиските судии, наши колеги нè пречекаа, нè однесоа до градот и ни покажуваа: ’Овде убија еден судија, овде фрлија линиски судија...
Во еден момент моравме да смениме кола. Одиме со друга кола со полициска придружба. Стигнавме во хотел каде нè поканија на вечера. Одбив и се вратив во соба. Побарав од девојката што работеше во хотелот да ми донесат шише вода. После некое време на врата дојде девојката со шишенце вода, а јас ја пратив да донесе поголемо шише.
Набрзо некој пак чукна на врата, го замолив Хуан да стане да отвори, ама отиде Вава. Кога отвори врата во ист момент влезе „Попај“ (еден од најкрволочните егзекутори во историјата на човештвото) и четири типа од кои еден носеше митралез“, раскажува поранешниот судија Карлос Еспозито и открива неверојатни детали:
„Влегоа полека, бавно. Рекоа полека дечки, не се плашете. Во еден момент му го ставија пишолот на глава на Њеко, а веднаш после нив во соба влезе и Пабло Ескобар, убаво облечен, со елегантно одело и со актовка. Рече: „Еве ви 250.000 долари. Без никаков проблем ќе ја напуштите Колумбија“. Одбивме и кажавме дека сакаме да си ја одработиме работата најдобро што можеме“.
Ни одговори: „Вашиот живот овде ништо не вреди. А во Буенос Аирес не вреди повеќе од 1.000 долари од човек. И излезе. Инсистираше ама го одбивме“.
Набрзо сите телефонски врски во хотелот биле прекинати.
„Цела ноќ не можевме да спиеме. Пред заминувањето накај стадион прашавме што да правиме. Пред хотел не чекаше шефот на полицијата во Меделин и ни објасни дека мораме штом заврши мечот брзо на аеродром. Ни кажа дека ако Насионал победи ќе има големо славје. После некое време и него го убиле“.
Атлетико Насионал победил 6:0, а страв во коски претрпеле и гостите од Данубио.
„Како си поминавте“, со насмевка не праша претседателот на Данубио, свесен дека судиите поминале низ слични работи како и неговите фудбалери пред дуелот.
Од таа 1989-та година, Атлетико Насионал само уште еднаш ја освои Копа Либертадорес и тоа пред 4 години во 2016.
Conocíamos historias del Cártel de Medellín y el fútbol. Nunca con tanto detalle como la que Carlos Espósito, gran árbitro argentino, contó hoy en Un Buen Momento (@radiolared) sobre el apriete narco antes de un partido por #Libertadores. Va en 2 partes. Sencillamente IMPERDIBLE. pic.twitter.com/v9GpkZhG22
— VarskySports (@VarskySports) October 15, 2020