Властите на Медина решија да го забранат албумот, кој на 16 страни го раскажува животот на нарко-босот Пабло Ескобар. Освен Ескобар, во него се споменати и други босови како Гонзало Родригез Гача и Џон Васкез.
Албумот е достапен само во помалите продавници, во сиромашните делови на Меделин.
Како и регуларен албум и овој за собирање на сите сликици дава награди како емпетри плеери, Ајподи и фудбалски топки.
"Албумите ги дистрибуираат некои момци на мотори и одлично се продаваат. Немам ниту еден останат," изјавил еден продавач.
Албумот излегува во исто време додека на телевизија е премиерата на серијата за животот на Пабло Ескобар. Премиерната епизода од серијата имала рекордна публика од 11 милиони гледачи.