Најдиректни беа 24-часовните вести, Телесур, кои го нападнаа Мекдоналдс дека недостатокот на компир е дел од пошироката војна што САД ја водат против Венецуела. Одбраната на МекДоналдс е дека недостатокот е заради проблеми со увоз на компир, што според Телесур е лага, "како другите ресторани можат, а они не можат да увезат".
Меѓу твитовите за домашни настани и странски инвестиции, претседателот Николас Мадуро ја ретвитуваше веста од Русија Тудеј, во која се зборува за човечкиот заб што е најден во помфрит во Јапонија, а потоа и твитот од венецуелскиот министер за труд и социјална безбедност, според кој помфритот на МекДоналдс е канцероген.
Данте Ривас, функционерот задолжен за издавање јавни дозволи (за најразлични индустрии), го поздрави недостатокот на помфрит во МекДоналдс, и задоволно констатираше дека сега луѓето ќе треба повеќе да јадат пржена маниока (коренесто растение) "100% произведена во Венецуела."
Дел од објаснувањето на ваквата реакција на властите е што постои голема веројатност жителите на Венецуела недостатокот на помфрит во МекДоналдс да го прогласат за вина на владата. (Пред некое време имаа недостаток на тоалет хартија заради пропуст на Владата.)
Официјалната причина на МекДоналдс за проблемите со увоз на компир е спорот со работниците што го има во САД.