Викендов руски пијанист се врза самиот себе со лисици за влезот на еден московски Мекдоналдс во надеж дека така ќе го спречи заминувањето на ланецот за брза храна. Се работи за пијанистот Лука Сафронов (отприлика 270 кг.) кој може многу нешто да постигне со врзување за работи, меѓутоа не и оваа.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, пред неколку дена го даде своето најдобро интервју во кариерата. Во разговор со новинарот Пирс Морган, Португалецот раскажа неколку интересни моменти од својот живот.
Како што Марлборо покажа чатал со бришење на буквите од кутиите со цигари, така Мекдоналдс реши да ги рекламира своите производи со тоа што комплет ќе ги замати.
Пред да запише колеџ, Марк Закерберг добива понуда од својот татко Едвард, да бира дали сака да оди на Харвард или сака да води сопствен Мекдоналдс по франшиза.
За тие што не се во тек, сета онаа ветувана баснословна иднина позлатена од ќар од криптовалути во која само треба да купуваш графички картички и да гледаш како парите ти легнуваат на сметка, моментално е сведена пепел и клетви.
Првиот човек на Панера бред (американски ланец пекари) објави отворен предизвик до генералните директори на Мекдоналдс, Вендис и Бургер кинг: седум ден за појадок, ручек и вечера секој од нив да јаде од детското мени од сопствениот ресторан.
Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.
Најубавиот дел од тоа да се биде родител во денешно време е што можеш да го документираш секој резил на твоето дете, и притоа да не ти е многу гајле дали ти си го наместил или не.
Само во Соединетите држави има 14.150 Мекдоналдс ресторани. За околу 85% од овие недвижности Мекдоналдс наплаќа кирија (и останати трошоци за лиценцирање) од компаниите што ги работат.
Мекдоналдс е американска компанија за брзa храна, која ја има во речиси 120 држави низ светот со околу 36.600 ресторани. Меѓу останатите работи на менито, Мекдоналдс имаат и Мекнагет, парчиња похувано пилешко.
И покрај тоа што најголемите спонзори на ФИФА, Кока-Кола и МекДоналдс го повикаа да замине од функцијата, Сеп Блатер не размислува да стане од фотелјата.
13 години санкции, 2 години преговори, и сега остана уште потписот на владите од двете страни, за конечно да се кренат санкциите над Иран. Властите на Иран имаат едни очекувања од крајот на санкциите, Иранците сосема други.
Приказната завршува со извештајот на Чипотле за 2014-та и годишен приход од 4,11 милијарди долари и 192 нови отворени ресторани. Почнува во 1998-ма со мал синџир ресторани.
По две и пол години работа затворен е единствениот МекДоналдс во Бања Лука. За разлика од приказната кај нас, кај Босанците проблем беше цената и ќебапите.
Централни вести на медиуми блиски до владата, владини функционери и претседателот на Венецуела деновиве се ангажирани во справување со внатрешниот и надворешен непријател - незамисливиот недостаток на помфрит во рестораните на МекДоналдс во земјата.
Да почнеме од медот, пресметките се за американски пазар и според нив просечниот МекДоналдс ресторан генерира 2,5 милиони долари продажба годишно. Сега за трошоците.
Некои од најголемите синџири за брза храна (МекДоналдс, КФЦ, Тако Бел), го имаат и најлошото јадење во својата категорија. Барем според 30.000 испитаници.
МекДоналдс - оној што го нема во Скопје - одлучи да стане издавачки гигант. Во следните два месеца играчките во пакетите за деца ќе ги замени со книги. Иронија: тие ќе бидат со нутриционистички педагошки пораки.
Во соработка со Виза, МекДоналдс ќе ги учи своите вработени како да преживеат на минимална плата, со тоа што целата математика се базира на тоа дека сите под итно треба да најдат втора работа.