„Каква Лига на шампиони - денес таму се Гент и ПСВ, дојдете кај нас“

Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.

Деновиве во САД се игра најфамозниот летен International Champions Cup, најпознатиот пред-сезонски турнир во историјата на фудбалот на кој играат: Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, Рома, ПСЖ и Тотенхем. Во последното коло турнирот ќе го украси мечот меѓу Реал и Барселона.

Ел Класико ќе се игра на 29 јули во Мајами и е чист пример за тоа како е можно европско шоу да се продава по американски стандарди: На два дена пред мечот во градот ќе има тематски вечери, билети се продаваат не само за мечот, туку и за тренинзите. Натпреварот ќе биде пренесуван во формат на виртуелна реалност (VR) - последното финале на Лига на шампиони беше пренесувано со 3 камери за оваа технологија, а во Мајами Ел Класико ќе се пренесува со рекордни 12 камери за VR (пренос од секој агол на теренот).

Уште една особеност: Класико не се играл надвор од пределите на Европа уште од 1982 година. Тогаш Барселона и Реал играле на Купот на Претседателот на Венецуела а победничкиот тол го дал поранешниот селектор на Шпанија, Висенте Дел Боске (Реал победил 1-0).

Во рамките на International Champions Cup се играат толку многу натпревари што е можно човек да заборави дека е турнир. Секоја година овој Куп е поделен во три групи - годинава се игра во САД, Кина (таму играат Милан, Борусија Дортмунд, Баерн, Арсенал, Интер и Лион) и Сингапур (Челси, Интер, Баерн). Секој регион има свој победник.

Некој ќе се праша што им треба да се мрцварат толку далеку, но овој турнир за клубовите е важен по две основни причини. Првата - работа со глобален аудиториум (Азија и САД одамна им носат на европските топ-клубови многу пари, а преку лето е можен и контакт со фановите од таму). Втора - одлична заработка.

На пример, минатата година Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Баерн за секој меч добивале по 4 милиони евра, Челси, Јувентус, ПСЖ и другите екипи по 3 милиони, а годинава финансиските услови станале уште подобри па некои клубови добиваат и процент од приходите за влезници.

International Champions Cup (ICC) се одржува петта година по ред но веќе стана силен бренд. Доволно е само да се погледе списокот на спонзори.

Генерален спонзор е пивото Heineken, кој долги години работи со Лига на шампиони, а тука е и MasterCard кој одамна проникна во европскиот фудбал. Пред мечот Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед играчите на терен ги внесе маскотата на (McDonald’s) Роналд Мекдоналдс.

Меѓу другите спонзори се гигантите Gatorade, TAG Heuer, Groupon, Coca-Cola, слушалките Beats, алкохолот Hennessy, па Samsung, Uber и уште неколку крупни компании. Во Кина и Сингапур турнирот го спонзорира сосема друг пулт спонзори коишто сакаат да се асоцираат себе со топ-клубовите, на пример, во кина заедно со Audi спонзор е некој локален напиток.

ОД КАДЕ И ОД КОГА ОВОЈ ТУРНИР?

International Champions Cup (ICC) е проект на RSE Ventures - американски фонд којшто е специјализиран за спортски инвестиции. Него го основале милијардерот и сопственик на НФЛ клубот „Мајами Делфинс“ Стивен Рос и поранешниот потпретседател на НФЛ клубот „Њујорк Џетс“, Мет Хигинс.

Рос работи на американскиот пазар на недвижности, а Forbes го проценува неговото богатство на 7,4 милијарди долари. Рос еднаш бил близу да ја купи Формула 1 во партнерство со катарски шеици (сумата достигнувала до 8,5 милјарди долари), а денес се занимава со технологии: фондот вложува во проекти поврзани со виртуелната реалност - Мултимилијардерот Рос инвестирал 1 милион долари во трки на дронови Drone Racing League.

За фудбалот Рос првпат се замислил во 2011 година кога го гледал мечот меѓу мексиканскиот Чивас и Барселона. На стадионот во Мајами со неверојатна жар урлале 70.000 луѓе и Рос помислил дека фудбалот може да биде мошне моќен проект.

Принципиелно не купил ниту еден клуб и не се занимавал со МЛС како некои други милијардери влезени во спортот. Неговото решение за фудбалот го објаснил со американските гледачи: „Во САД луѓето сакаат да ги видат најдобрите спортисти на светот. Сакаат да ги следат ѕвездите“.

Така Рос замислил турнир со најдобрите екипи од Европа каде се игра најдобриот фудбал. Летото се покажало како идеално време: во Европа и во сите американски лиги е долга пауза. А за човек кој оперативно би го извел тоа на теренот, Рос го викнал легендарниот Чарли Стилитано.

И тоа бил апсолутно полн-погодок.

КОЈ Е ЧАРЛИ СТИЛИТАНО?

Детство

Стилитано е главен фудбалски промотер во САД. Неговиот татко на времето организирал итало-американска фудбалска лига и имал одлични партнерски односи со бразилски Сантос. Но во 1973 година завршила неверојатната историја.

Се играл пријателски меч меѓу Сантос и Лацио во Њу Џерси (двата најсилни клубови во тоа време). Бразилците воделе 3:0 и кога во еден момент Лацио добил пенал, Пеле решил неприметно да избега во соблекувалната затооа што после ќе немал раат од толпата која бара автограми и фотографии.

Но од трибините го приметле и од своите места скокнале неколку илјади луѓе. Пеле останал скоро гол затоа што му соблекле се од него и шорцеви и дрес и копачки и штуцни.

„Полицајците ми кажаа да се скријам во голот, таму било безопасно, се сеќава Стилитано кој во 1973-та имал 10 години и собирал топки. Гужва, толпа луѓе, стампедо и оддеднаш гледам еден висок кој седи кај пеналтикот. Џорџо Кинаља! Господи. Се спрема да изведе пенал“.

После многу години Кинаља и Стилитано се сретнале на радио: „Тој кажа дека мечот заврши 3:1 но не беше така атоа што на голот стоев лично јас и јас сум единствен човек на светот кој ја знае вистината за тој пенал во толпата“.

ПРВИ ТУРНИРИ СО ТОП КЛУБОВИ

Фудбалската кариера Стилитано ја завршил во младоста: доиграл во Принстон и почнал да работи како менаџер на стадионот во Њу Џерси за Светското првенство а потоа бил и генерален менаџер на МЛС тимот „Метро Старс“ (денес „Њујорк Ред Булс“).

Најголем успех во младоста му бил турнирот Parmalat Cup-1995 на кој играле Парма, Бока Јуниорс, Бенфика и репрезентацијата на САД. Договарање и организирање вакви натпревари го направило Стилитано цар на менаџерите.

Најинтересна анегдота поврзана со него се случила за време на турнејата на Рома во 2002 година. Кога екипата тргнала кон хотелот, играчите одбиле да излезат од автобуост. Не биле расположени што се далеку од центарот на Њујорк и терале инает.

Фабио Капело, кој тогаш ги тренираше Тоти, Кафу, Алдаир и Панучи неприметно побарал помош од етнчкиот Италијанец Стилитано. Тој му ги прочитал на глас сите играчи а на крај договориле и вечера.

„Откако се запознавме во клупскиот автобус, останаа во хотелот на една вечер. Следниот ден ги превезов во Шератон во Њујорк“, се сеќава Стилитано.

Во 2003 година тој прв во САД организирал турнир со учество на топ-клубовите а веќе следната година дошле максимално ѕвездени состави: Манчестер Јунајтед, Милан, Барселона, Челси, Ливерпул, Баерн, Рома и победникот на Лига на шампиони Порто. ТВ-правата на турнирот ги откупиле во 130 земји, а брзо дошле и големи спонзори (Mastercard, пиво Budweiser).

Но во меѓувреме Стилитано морал да ја дели заработката со медија-гигантот Fox Sports кој пренесувал натпревари. Манчестер Јунајтед барал 2 милиони долари за ТВ-права а дел од колачот барала и Фудбалската Федерација на САД.

Федерацијата работела како монополист и официјално барала од Стилитано пари ако тој сака да организира вакви турнири - околу 2,5 милиони долари годишно.

Во 2005 година кога компанијата банкротирала, Стилитано за тоа ги обвинил менаџерите, федерацијата и МЛС лигата кои не сакале конкуренција. Ги тужел и барал 50 милиони долари но ништо не добил. Судот досудил во корист на федерацијата.

„Не беа благодарни што помогнав во развојот на фудбалот во Америка, туку викаа дека сум пират“, рекол Стилитано пред многу години.

Благодарение на неговите активности во почетокот на ’2000-те, Стилитано се здружул со главните фудбалски ликови во светот - Флорентино Перез, Жорже Мендез, Алекс Фергусон, Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и други. Алекс Фергусон раскажувал дека на доручек кај Стилитано имало огромна маса со лазањи, сладолед и торти.

СУПЕРЛИГА МЕСТО ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Стилитано одамна размислува за глобално првенство кое што на основа на Лига на шампиони би го собрала највредното од европскиот фудбал и би направил фудбалска НХЛ или НБА.

„Паметам времиња кога разни европски клубови мака мачеа со финансиската супериорност на тимови од Англија, Германија, Шпанија и Италија. Екипите од Шкотска, Португалија, Холандија, Белгија и Скандинавија сакаа да основаат своја суперлига, но УЕФА им ја блокираше идејата“, вели Стилитано.

Пред пар години тој заедно со милијардерот Рос преговарале со шефовите на главните англиски клубови но освен првична средба ништо не се развило.

Рос сака да создае европска суперлига во која ќе играат само топ-клубови кои не би зависеле од позицијата во домашното првенство.

„Звучи нереално, но кога ќе го видите составот на актуелниот International Champions Cup ќе се прашате: „Ова ли е Лига на шампиони со ПСВ и Гент?, вели Стилитано и додава: “Имавме дијалог со УЕФА и нив ги заинтересира нашиот летен Куп. Тие би сакале да го интегрираат тоа во својот систем.“