Даниел Освалдо беше еден од оние никогаш сфатени фудбалери. Авангарден лик кој никој не можеше да го скроти. Играше за Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Рома, Саутемптон, Јувентус, Интер, Порто, Бока... Даваше фантастични голови, а еден кој не му го признаа на мечот Рома - Лече во 2011-та, можеби е најубавиот поништен гол во Серија А.