Калафиори дебитираше против Јувентус на 1 август 2020-та година кога Рома на гости славеше 1-3. На тој меч над него беше нарпавен пенал, а Калафиори постигна и еврогол од далечина кој беше поништен. Сега дојде негово време за дебитантски гол. И тоа каков.
Интересно кога Даниеле Де Роси се збогуваше со фудбалот, едно 17-годишно момче го гушна него и син му Ноа под култната Курва Суд. Дечкото кој плаче поради крајот на Де Роси е токму Калафиори кој дебитантскиот гол му го посвети на неговиот идол Даниеле.