Заврши приказната, Де Роси дефинитивно оди во пензија

„Жена ми Сара ќе се разбудеше сред ноќ и ќе се зачудеше: лежев, гледав во плафонот и не можев да заспијам“, рекол Даниеле Де Роси на прошталната прес-конференција во Аргентина од каде заминува.

Даниеле Де Роси во Аргентина дојде во јули. Тогаш изјави дека му се исполнил животниот сон да заигра за Бока Јуниорс, неговиот најсакан клуб на светот покрај Рома.

На аеродромот тогаш го пречекаа стотина навивачи на Бока, а медиумите пишуваа дека тоа е најголема зделка во историјата на клубот. Можно е така и да беше, но на терен Де Роси и даде многу помалку на Бока отколку надвор од него.

МНОГУ СЕ ПОВРЕДУВАШЕ И СКОРО ДА НЕ ИГРАШЕ ВООПШТО

Даниеле и се приклучи на екипата на Бока на крајот од јули, а тренерот на тимот Густаво Алфаро тогаш ветил дека нема да го форсира Италијанецот кој не беше доволно спремен.

„Се договоривме да тренира минимум две недели со нас“.

И така и бидна, детето на Рома дебитираше за две недели и постигна гол уште на првиот меч, против Алмагро во Купот на Аргентина. Но се испостави дека за совршениот почеток мораше скапо да плати.

Во Аргентина Де Роси почна да игра пред целосно да закрепне од ситните повреди и се испостави дека не е доволно спремен.

За две ипол недели од септември до декември одигра севкупно два меча. По ремито 0:0 со Ривер Плејт (Даниеле се трудеше да ја крене формата за дербито), ја повреди подколеницата и паузираше три недели.

Де Роси планираше да се појави на следното дерби со Ривер, на 23 октомври во Копа Либертадорес. Бога победи 1:0 но Даниеле цел натпревар го испрати од клупата за резерви. Набрзо светскиот шампион со Италија од 2006 доживеал уште една повреда, овојпат мускул на ногата.

Николас Бурдисо, доскорешниот директор на Бока и другар на Де Роси ги игнорирал проблемите со повредите на Даниеле, а тренерот Алфаро веќе видел проблем зошто лекарите не можеле да му кажат колку време ќа паузира.

А некогашниот капитен и симбол на Рома се врати после еден месец: на 24 ноември одигра половина час откако влезе од клупата како замена. На 8 декември се појави од стартот во последниот меч за Бока во 2019 година и одигра 71 минута. Следниот ден нов претседател на клубот станал Хорхе Амеал.

НОВИОТ ГАЗДА НА БОКА ВЕДНАШ РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ ГО РАЗГЛЕДААТ ДОГОВОРОТ НА ДЕ РОСИ

Едно од првите прашања за новиот претседател било и за Де Роси.

„Ние не знаеме што ќе прави Даниеле. Не знаеме дали ќе остане во Бока. Други луѓе го донесоа во клубот, така што нејасно е дали ќе му биде комфорно со нас. Неговиот договор ќе биде прегледан“, рекол Амеал.

Набрзо пред Нова година оставка дал Николас Бурдисо кој имаше решавачка одлука за трансферот на Де Роси. Бока после неколку дена го смени и тренерот.

Аргентинските медиуми уште пред 2 недели прогнозирале ваков исход и можно враќање на Де Роси во Италија. А ветеранот ги игнорирал насловите и на стартот на јануари им се приклучил на тренинзите на Бока.

Наеднаш главниот инсајдер Џанлука Ди Марцио пиша дека Де Роси свикал прес-конференција на која ќе се прости со Бока поради здравствени проблеми на ќерка му.

Но Де Роси одлучно негираше такви гласини и рече дека со 14-годишната Гаја се е во ред (постарата ќерка на Даниеле која не дошла со семејството во Аргентина), и дека немам никаков конфликт со новата управа на Бока.

Тој рекол дека пред неколку месеци донел одлука да ја заврши кариерата.

ЕДНОСТАВНО САКАЛ ДА БИДЕ ПОБЛИСКУ ДО СЕМЕЈСТВОТО

„И јас а и моите најблиски сме добри со здравјето. Но имам 36 години а не 25. Сакам да бидам со фамилијата. Растроен сум, сакав да играм уште 10 години. Но Гаја има 14 години и потребен и е татко“, рекол Де Роси на прес-конференцијата во преполната сала.

„Со Бока нема никакви проблеми. Зборев со новата управа, нема конфликт никаков. Пробаа да ме убедат да останам, но не се предомислувам. Бока за мене стана семејство. Сите кои ги запознав во клубот ми станаа браќа“, рекол Де Роси а неговите зборови ги потврдил и новиот претседател на Бока, Амеал:

„Никакви проблеми нема со Даниеле. Зборувавме за тоа што се случува со договорот. Го разбирам изборот на Де Роси, сакам тој да стане нашиот амбасадор во Европа. Се надевам дека ќе ни помогне често да ни доаѓаат италијански и општо европски фудбалери“.

МОЖНО Е ДА СТАНЕ ТРЕНЕР И ДА СЕ ВРАТИ ВО РОМА

Поранешниот тренер на „Римската волчица“ Еузебио Ди Франческо еднаш раскажал дека во Де Роси гледа иден тренер:

„Даниеле има прав карактер, искуство, знаење. Работел со многу стручњаци во кариерата. Има потенцијал“.

Де Роси вели дека би сакал да стане тренер но треба уште многу да учи.

Курсот за тренерска лиценца во Серија А почнува во октомври а за Серија Ц и за работа со младинците може да се добие лиценца уште на лето. Во октомври лани Газета дело Спорт пишуваше дека по крајот на договорот со Рома, Даниеле Де Роси би можел да се врати дома во својот клуб а татко му Алберто кој во моментов е тренер на младинците (primavera) да ослободи место за син му.

Ова за сега не е баш многу извесно затоа што Де Роси, како и Тоти на не баш пријателски начин се збогуваше со претседателот на Рома Џејмс Палота.

Но скоро со клубот веќе нема да владее Палота затоа што американскиот милијардер Ден Фридкин е близу да ги откупи мнозинството акции во римскиот клуб и наводно неговиот тим сакал да го врати Де Роси.

Има теорија и дека тој би можел да продолжи во фудбалската федерација на Италија, во базата Коверчано.