Се викал Гај Апулеј Диокле и на врв на својата спортска кариера - тркач со кочии - „тежел“ 27.000 килограми (!?) злато. Што направил со сето ова богатство? Па, ништо особено.
За оние кои уживаат во приказните за блуд и разврат во стариот Рим: запознајте го лудиот император за кого Калигура и Нерон се мали деца. Во четирите години додека бил на власт го викале и „женско петле“ и „силувач на девици“ и „Тибериски“ затоа што, откако му го распарчиле, телото му го фрлиле во реката Тибар. Име му е Хелиогабал.
Познат како „Синодот на еден труп“ (Cadaver Synod), постхумното судење на папата Формозиј било резултат на хаосот на деветиот век, кога различни фракции се бореле за контрола на католичката црква.
„Гарум“ е библиотека и музеј на кулинарството во срцето на Рим. Со постојаната поставка се покриени цели пет векови италијанска историја, раскажана преку готвачи и кујнска опрема. После подолго време, поради пандемијата, тој сега повторно се отвора за посетители.
85 возила имаше автомобилската колона што го придружуваше Бајден по улиците на Рим, каде инаку е дојден да се договори околу глобалното затоплување. И ова е без возилата на италијанската полиција и безбедност.
Вилата се наоѓа во центарот на Рим и е единствена куќа на светот чиј таван е насликан од италијанскиот сликар Караваџо. Цената од 471 милион евра е само почетна.
По сите падови кои ги имаа со малерозниот селектор Вентура со кого испаднаа во бараж за Светско првенство (првпат после 60 години во 2018-та не отидоа на Мундијал), Италијанците доживуваат ренесанса со Роберто Манчини. Ќе играат големо финале на Европско 2020 на култниот „Вембли“. Еве како се славеше триуфот во една фан зона во Рим:
На една од најпознатите улици на светот, Виа Деи Фиори во Рим каде што се наоѓа една од фан зоните за Евро-2020, на голем видео бим беа прикажани и навивачките на Македонија кои му дадоа убава нота на ова Европско.
Едниот 22 години, другиот 21. Бикот од Мајорка веќе почна да ги тероризира сите противници на земја и ги мелеше до мера да не сакаат да паднат против него на некој турнир. Ама Новак, уште недоволно зрел, покажа потенцијал дека може да му се носи на Шпанецот.
Два титани со најмногу меѓусебни дуели во историјата на машкиот тенис. Рафаел синоќа во Париз го испраши индиспонираниот Новак како ретко кога во кариерата (Од 300 и кусур натпревари на Гренд Слем, Ѓоковиќ само четири пати изгубил сет со 6:0). А финалето изобилуваше со убави поени, како и секогаш кога играат Шпанецот и Србинот.
Малку е познато силното влијание кое првиот човек на Лацио го има во организацијата на Серија А, во италијанската фудбалска федерација, меѓу политичарите, пратениците и самата Влада. Ваквото лукавство не е од синоќа.
„Рома отсекогаш бил клуб со меѓународен карактер, со сентиментална атмосфера. Овој клуб е отворен за луѓето, остава простор за фантазија, во него може да видите самба, боса нова, дури и почуствително танго“, рекол за Рома Мориконе.
„Жена ми Сара ќе се разбудеше сред ноќ и ќе се зачудеше: лежев, гледав во плафонот и не можев да заспијам“, рекол Даниеле Де Роси на прошталната прес-конференција во Аргентина од каде заминува.
Пошироката македонска јавност, дали поради временската дистанца (март), дали поради карамкашата што ја направи УЕФА со 234 турнири, или поради нешто трето, не е запознаета со тоа дека Македонија 180 минути ќе ја далат од историски пласман на едно Европско.
Откако забележаа дека туристите со години активно работат на тоа Рим да не биде „вечниот град“, властите на италијанската престолнина решија да воведат нови и построги правила за тоа кој, што и како може да прави додека е во градот.
Откако со солзи го испратија Франческо, навивачите на Рома синоќа се збогуваа и со неговиот наследник, најголемиот фајтер кој ја носел капитенската лента, Даниеле Де Роси.
Во септември 2018 излезе автобиографијата на Франческо Тоти - „Капитен“. Пишувана е во коавторство со познатиот новинар Паоло Кондо и во неа има многу приказни и анегдоти за животот на легендата. Ние ќе ги пренесеме во неколку дела. Ова е првиот.
Во еден сосема спонтан кварт од милионскиот Рим има фудбалски клуб стар повеќе од 100 години. Повеќе од еден век играат во фудбалското подземје а горди се што за нив играл најголемиот Римјанин во модерната историја.
Рим и цела Италија не се само шпагети, вкусно вино и прекрасно еспресо. Тука има и „јужњачки“ темперамент, незгодна нарав и посебен начин на живот, особено во фудбалскиот фанатизам.