Во ист правец се движи и разочарувањето на Римјаните кои од егзистенцијални проблеми во градот, не ни стигаат на идеолошко ниво да се пресметаат со локалните власти и градоначалничката Вирџинија Раѓи од движењето Пет ѕвезди која пред 2 години дојде на власт.
„Граѓаните сакаат да живеат во град кој ги гарантира основните сервиси за да имаме барем минимум пристојност,“ порачува една од организаторките на протестот во Рим закажан за 27 октомври.
Градските власти објаснуваат дека проблемот со ѓубрето не е така сериозен вон центарот на градот, иако пред некое време диви свињи беа снимени како роварат низ контејнерите по римските улици.
Меѓу гревовите на нефункционалните локални власти се 10 градски автобуси кои од јануари годинава се запалија или експлодираа, преполни контејнери со ѓубре во близина на претседателската палата и дупки на улиците заради кои во мај загина еден моторџија.