Писмо на читателка, која, како да ви кажеме....

Читателка ни се пожали дека ја реметат на работа заради фотка објавена на нашиов сајт. А нема никаква потреба за тоа. Да пробаме да смириме ситуација.

Pozdrav do Vas

Eve deneska odvaj doznav od kolegite I koleskite za nekoja moja slika Objavena na Vasiot sajt. Se stvori nekoja nepodnosliva atmosvera site krijat zasto vakvi raboti na rabotno mesto kade sto sum Zaposlena se so zakon strogo zabraneti I sekoj odgovara materijalno I moze da dobie otkaz.

Pa nie vraboteni vo nasata firma ne sme luge od umetnickiot svet I da ne ima po zolti pecati. Jas sum vozrasna zena, zaposlena vo javna firma so luge so sekakvo svakanje za zivotot I nekoj si dozvolil bez moja dozvola I moe znaenje da me slika i Da objavi slika od mene vo delot MAKEDONSTINA POD NASLOV

SKOPJANEC VO BLUE MOOD

So objavuvanjeto na slikata na Vasiot sajt mi nanese sekojdnevna nepodnosliva psiholoska situacija So komentarite od kolegite I koleskite, poveketo se smeat, se seguvaat nekoi pozitivno komentiraat No bez ogled na se jas sum sluzbenicka vo javno pretprijatie I vakvi I slicni raboti se za luge koi se Zanimavaat so umetnost, moda I film a ne za luge sto se od obicniot svet bez ogled kako se obleceni.

Isto baram da otkriete koj bil tolku sloboden I si dal za pravo da objavi moja fotografija. So objavuvanjeto na slikata mi nanesovte nemir I zatoa ke podnesam tuzba za licno voznemiruvawe I nanesuvanje na nepodnosliva psiholoska atmosmera na rabotno mesto.

ИМЕТО ПОЗНАТО НА РЕДАКЦИЈАТА

* атачирани два закона: за заштита на лични податоци и за заштита од вознемирување на работното место.

------------------------------------

Драга моја,

Кажете драгичка! На објавената фотографија не сте вие туку - јас.

Ете го изворот на недоразбирањата, точка.

Колку непотребно комплицирање на вашиот живот само затоа што случајно имаме ист вкус за облекување. Видете, имам јас и на розевко некои работи ама оваа плавава бунда-ли-е-што-ли-е, некако ми е при срце а и при глава, како што може да се забележи од фотографијата.

Најискрено ве молам да не трошите нерви околу овој случај. Што се однесува до законите кои сте ги приложиле, две куси забелешки:

- За жал, колку и да изгледа уникатно, бундата не може да биде личен податок. Да беше така, и јас ќе го тужев оној кој ме сликнал во автобус. Па што ако со капуљача седам? Знае ли тој колку шибаше промаја (од негде!) баш на тоа место?

- За остварување на правата од вториот закон сметајте дека нашиот медиум ќе ви биде искрен и доследен сојузник. Стварно, најстварно сме од ваша.

И на крај, за тужбата против нас. Баталете, најискрено. Дозволете рака под рака да се прошетаме низ сценариото и да видиме како најверојатно ќе изгледа тоа:

Адвокат (треба да се плати), тужба (треба да се плати), судски такси и што и да е... Па после едно рочиште - ме нема, друго рочиште - ме нема (се случува), Вие изостанувате непотребно од работа за да кмишите по судски ходници, Вашиот шеф почнува незадоволно да дига веѓи заради вашите отсуства и по којзнае колку месеци, на некое енто рочиште (дај боже да се погоди зима), се појавувам јас, Трендо...

.... облечен во иста бунда!

Ме сфаќате?

Секое добро,
горенаведениот

26 ноември 2013 - 11:19