Како да се купат карти за Европско 2020, колку чинат, каде ќе се игра?

Пошироката македонска јавност, дали поради временската дистанца (март), дали поради карамкашата што ја направи УЕФА со 234 турнири, или поради нешто трето, не е запознаета со тоа дека Македонија 180 минути ќе ја далат од историски пласман на едно Европско.

Првата етапа од продажбата се одржа од 12 јуни до 12 јули годинава. Втората етапа ќе се отвори на 1 декември, а третиот контингент карти ќе бидат достапни во април следната година.

Најважно од се да се знае е дека влезници за Европско 2020 може да се купат само на официјалниот сајт на УЕФА. Таква пракса имаше и ФИФА за Светското 2018.

Ако не сакате да ве измамат, не купувајте никакви карти на рака, затоа што постои огромна веројатност тие да бидат фалсификат. Притоа УЕФА ја исклучува можноста да купите влезница од некој кому му верувате, затоа што просто нема да ве пуштат на стадион ако името на влезницата не се совпаѓа со вашите документи.

Карти се купуваат на следниот начин: регистрирајте се на сајтот на УЕФА (можно е да се логирате преку својот Гугл или Фејсбук акаунт) и да кликнете на конкретен натпревар (можно е и неколку, главно правило е да не букирате карти за два меча во еден ист ден, освен ако немате личен авион па може да ве пренесе во друга држава).

Важно е да се напомене и дека при купувањето карти, можно е да вклучите уште три лица, а нивните имиња подоцна да ги смените на сајтот во случај да има промени. Лотаријата на сајтот на УЕФА ќе се спроведе електронски. Нема правила во однос на картите, едно лице би можело да добие влезници за сите натпревари, за две или за една.

КАДЕ ЌЕ СЕ ИГРА ЕВРОПСКОТО?

За првпат во историјата најголемиот турнир во Европа ќе се игра во 12 градови. УЕФА претходно ги распредели по групи земјите домаќини кои би можеле да се најдат на Европско во случај да играат на домашен терен:

Група А: Италија, Азербејџан.

Група Б: Русија, Данска.

Група Ц: Холандија, Романија.

Група Д: Англија, Шкотска.

Група Е: Шпанија, Ирска.

Група Ф: Германија, Унгарија.

Од овие селекции Азербејџан и Шкотска веќе изгубија шанса за Европско 2020 преку квалификациите. Тежок пат ги чека Унгарија и Романија. На добар пат да обезбедат пласман се уште и Данска, Англија, Шпанија и Ирска (Италија обезбеди пласман како прва во својата група).

Во случај во иста група да се паднат селекции домаќини на Европското, ждрепка ќе одлучи кој ќе биде организатор на мечот (пример Данска и Русија УЕФА ги стави во иста група, така што ако Данците се квалификуваат, а се на добар пат, со ждрепка ќе се реши дали ќе се игра во Копенхаген или во Санкт Петербург).

Секоја селекција од групите ќе игра во два града: Група А (Рим и Баку), група Б (Копенхаген, Санкт Петербург), Група Ц (Амстердам, Букурешт), Група Д (Лондон, Глазгов), Група Е (Билбао, Даблин), Група Ф (Будимпешта, Минхен).

Ова ќе биде единствено Европско на територија на сите страни од Европа.

ДАЛИ НА СОБИРОТ И ЖДРЕПКАТА ВО НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ЗНАЕ СÈ?

Не. Треба да помине плејофот на Лига на нации. Традиционалните квалификации кои ги гледаме деновиве ќе дадат 20 репрезентации од вкупно 24. Четири места ќе добијат победниците на плејофот во Лига на нации (ќе се игра од 26-31 март, така што ќе има дополнителна ждрепка планирана за 1 април).

Секоја дивизија од Лига на нации (имаше четири) ќе прати во плејофот по еден победник од плејофот.

Но до завршувањето на тековните квалификации не може да се тврди кој ќе игра против кого. Единствено во четвртата дивизија каде беше и Македонија се знае дека ќе играат Белорусија - Грузија и Македонија - Косово. Во третата дивизија за сега сигурно ќе играат плејоф Шкотска, Норвешка, Србија и една од Романија/Унгарија/Израел/Бугарија.

КАКВИ КАРТИ ИМА И КОЛКУ ЧИНАТ?

УЕФА подели влезници во три ценовни категории. Првата категорија предвидува карти за најубавите места, оние во центарот. Втората по аглите од трибините и трета категорија зад головите.

На некои стадиони картите ќе бидат поевтини, затоа што УЕФА пресметала дека куповната моќ на жиелите на Азербејџан, Унгарија и Романија е пониска отколку на жителите во останатите земји/градови во Европа.

Така на пример карти за групната фаза и 1/8 финале и 1/4 финале ќе има карти од 30 евра за трета категорија до 125 евра за прва категорија во овие градови.

Во останатите европски градови домаќини за натпревар од групна фаза или од 1/8 финале ќе мора да се плати од 50 до 185 евра за една влезница во зависност од категорија, а за 1/4 финале од 75 до 225 евра. Волку ќе чинат и картите за мечот на отворањето во Рим.

Воглавном за карта во Баку, Букурешт и Будимпешта (групна фаза, 1/8 финале и 1/4 финале) ќе треба да се одвојат од 30 евра до 125 евра, а во Минхем, Рим, Санкт Петербург за групна фаза 50 евра, 125 евра и 185 евра со четвртфинале 75 евра, 145 евра и 225 евра.

За полуфиналните дуели (ќе се играат и двата во Лондон), картите ќе бидат од 85 евра (ограничена категорија Fans First) до 595 евра за прва категорија!

Финалето во Лондон ќе може да се следи за: категорија 3 - 295 евра, категорија 2 - 595 евра и категорија 1 - 945 евра . Лимитиран континент карти ќе биде предвиден за категоријата Fans First и ќе чини 95 евра.

АКО КУПИШ КАРТА, А НЕ МОЖЕШ ДА ОДИШ НА НАТПРЕВАР, ДАЛИ МОЖЕ ДА ГО ПРЕПРОДАДЕШ?

Да, како и секогаш, УЕФА дозволува платформа за препродажба на карти кои ќе им дозволат на навивачите да купат и да продаваат на друг по номинална цена. Ова најверојатно ќе проработи во април кога ќе почне третата етапа продажба на влезници.