
Родители на малолетни играчи од Шкупи, влегле на терен во Штип и ги нападнале младите фудбалери на Брегалница. Од срамот има и видео.
Според генералниот секретар на Брегалница, инцидентот се случил при крајот на мечот кога фудбалер на Шкупи добил црвен картон.
Родител на еден од фудбалерите на Шкупи повредил двајца играчи на возраст од 15 години кои завршиле во болница.
Напаѓачот бил уапсен, за што стигна потврда и од МВР.
„Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.