Миленко вели дека на тема фудбалски судии има случки за емисии со кои може да пополни четири сезони. Издвои две скандирања од мак фудбалот. Првото се однесува за судијата Васил Кировски - Џери на мечот Брегалница - Осогово, а второто за Ѕинго. Тоа се тие уникатни моменти од полните трибини во 90-те кои не се повторуваат. Абе зете, зете.
Пред шест години ни стигна писмо од читател, дека чешма асална немаат ставено на стадион, а тогаш играа во прва лига. Сега хотел изградија, наменет само за фудбалерите и тоа саглам хотел, што е за поздрав.
По рекордниот триумф во Купот на Македонија од 22:0 против Црнилиште од Прилеп, штипска Брегалница, лидерот во втората македонска лига ќе го пречека Осогово во дербито на Истокот во недела од 19. Овој натпревар веќе неколку децении се игра пред полни трибини, без разлика кој на кое место е на табелата и во каква состојба е.
Во натпревар од 1. коло на македонскиот Куп, Брегалница го совлада прилепскиот клуб Ново Црнилиште со 22:0. Интересно е што Штипјани во прво полувреме дале „само“ 6 гола. Ново Црнилиште е тим кој игра во општинската лига на Прилеп и номинално требал да биде домаќин, но мечот се одиграл на градскиот стадион во Штип.
На 3. јуни кога се игра ракометниот Фајнал Фор и финалето на Лигата на шампионите, во Штип ќе биде откриен споменик во чест на најславниот Штипјанец, Драгослав Шекуларац, човекот кој го донесе Еузебио во родниот град.
По инцидентот пред неколку седмици кога поранешните претседател и потпретседател на Брегалница го пресретнале со кола додека се враќал од Кочани кон Штип и физички го нападнале, турскиот тренер на Брегалница сега повторно се соочува со нови закани.