Инфраструктурата е една од болните точки во мак фудбалот веќе со години, така што радуваат вакви вести дека некаде мрдаат работите во добар правец и покрај тоа што до сега тоа не требаше да биде ниту предмет на муабет.
Брегалница Штип пред стартот на новата сезона овој месец се пофали со својот сместувачки комплекс кој се наоѓа во рамките на Градскиот стадион во Штип.
Се работи за хотел со 16 модерни апартмани кои им се на располагање на фудбалерите, во кој има и сала за состаноци, како и сала за одмор.
Ретко кој македонски клуб има свој хотел, така што ова е за аплауз и тренд кој не е лошо да го следат и другите. Плус да не заборавиме дека Брегалница е второлигаш.
На нивната Фејсбук страница може да се забележи дека имаат и модерна теретана
Но и модерен автобус
Во фаза е и проектот за реновирање и изградба на нов стадион, на кој би можела да игра и македонската репрезентација, така што се надеваме дека овие тажни фотки ќе ги испратат во минатото.