Поздрав Трендо,
Голем поздрав од Градскиот стадион на Брегалница во градот под Исарот ... градот Штип.
Во прилог Ви ги праќам најбитните детали од стадионот на кој игра никој друг освен фудбалскиот тим на ФК Брегалница кој се натпреварува во првата лига и кој секоја година (минатите 3-4) е спонзориран од општината Штип со неверојатни 250.000 - 300.000 годишно. Од прилика сума сумарум Општина Штип има потрошено 1.200.000 евра минатите 4 години.
Мислам дека управата на ФК Брегалница и одговорните од Општина Штип треба да разберат дека посетителите на овој стадион (штипјаните) плаќаат данок со кој се финансира фудбалскиот клуб и плус се плаќа карта за влез ...
Една чешма е 200 денари...
Билетарата пред почетокот на натпреварот е билетара, после полнувањето служи како WC (фото).
До WC-њата не се стигнува поради измет и затоа се користи природата како WC!
Поздрав