Таг: штип

А сте го виделе ли штипското игралиште за баскет?

Кога мислиш дека реновираната сала во Битола е врвот, ќе ти пишат читатели и ќе те демантираат. Овде па нема ни шанса да шутнеш тројка од крило, а за баскет 3 на 3 има да сонуваш.

Да се потсетиме и кога Кавани ловеше риба на Тиквешко

Како гром одекна веста дека Златан Ибрахимовиќ дошол во посета на Штип. Спонтано, тивко, со капче на глава, Ибра седнал во ресторан во градот а кој бил таму во моментот, се сликал со него. Што точно ги привлекува Кавани и Златан во нашата убава земја?

Златан Ибрахимовиќ во Штип, градот се возбуди

Еден од најдобрите играчи на светот дошол во неочекувана посета на Штип каде го забележале во еден од локалните ресторани. Ибра неофицијално во градот под Исарот ќе остане до вторник а има шпекулации дека дошол на лов. Меѓу првите кои се сликаа со легендарниот Златан е и ракометниот репрезентативец Мартин Поповски.

Штип во сабота ќе биде центарот, како кога гостувал легендарниот Еузебио

На 3. јуни кога се игра ракометниот Фајнал Фор и финалето на Лигата на шампионите, во Штип ќе биде откриен споменик во чест на најславниот Штипјанец, Драгослав Шекуларац, човекот кој го донесе Еузебио во родниот град.

Првиот баскет во Македонија се тапкал во Штип

Минатата сабота во градот под Исарот се навршија точно 83 години од одигрувањето на првиот кошаркарски натпревар во Македонија. Се презентираше и планот за изградба на споменик во чест на првата средба.