На 29. април (петок) во 2016-та година, неколку медиуми пренесоа дека еден од најдобрите центарфори во светот Единсон Кавани (мајка му сакала да го крсти Едисон според познатиот научник, но матичарот утнал една буква) дошол во Македонија.
Откако со приватен авион слетал во Скопје заедно со постариот полубрат и двајца пријатели, Еди се упатил кон Велес, поточно на велешкото езеро. Причините се, тврдат медиумите, рекреативен лов и риболов.
Кавани, кој викендов стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ со неверојатни 157 гола (го надмина Ибрахимовиќ) во Велес престојувал во хотелот „Гарденија“ каде никој од вработените не знаел дека ќе има таква ѕвезда за гостин. Во експедицијата на Кавани имало и Бугарка која што добро го зборувала македонскиот јазик. Од Велес Уругваецот продолжил на Тиквешко езеро каде се сретнал со неколку тамошни риболовци кои му биле домаќини.
Кавани во таа прилика на својот Фејсбук објави неколку фотографии од убавата природа на Тиквешкото езеро:
Кавани тогаш за 1-ви мај свратил и до ресторанот „Луле“ на Тиквешкото езеро:
Кавани е познат како страствен риболовец и во својот Уругвај:
Во меѓувреме Златан Ибрахимовиќ по посетата на Штип, дошол во хотелот „Мериот“ во Скопје во друштво на еден од најпризнаетите ловџии кај нас, пренесува Гол.мк:
Останува енигма кој на чија препорака ја посетува Македонија, Ибрахимовиќ на препорака на Кавани или обратно? Во секој случај, целата приказна е убава за промоција на македонскиот туризам затоа што станува збор за мега суперѕвезди.