Рекордот на Брегалница Штип за кој пишува регионот
Во натпревар од 1. коло на македонскиот Куп, Брегалница го совлада прилепскиот клуб Ново Црнилиште со 22:0. Интересно е што Штипјани во прво полувреме дале „само“ 6 гола. Ново Црнилиште е тим кој игра во општинската лига на Прилеп и номинално требал да биде домаќин, но мечот се одиграл на градскиот стадион во Штип.
Со оваа победа е поставен и новиот резултатски рекорд во македонскиот фудбал. Претходно рекордот го држеа Вардар со триумф над Рудар од 16:1 и Работнички 15:0 исто во Купот пред 10 години.